Двајца гевгеличани се изгубиле на Кожуф - Потрагата е во тек

Недела, 06 Декември 2020

Аларм на социјалните мрежи и на надлежните институции во Гевгелија.
Две повозрасни лица, жители на Гевгелија, попландево се изгубиле на планината Кожуф, поточно на патот кон Круша.

Нивните блиски сведочат дека станува збор за Владо Делев и Кире Арнаудов кои попладнево планинареле на Кожуф, но пред некои три до четири часа изгубиле ориентација каде се наоѓаат и каде да продолжат. Последен контакт со нив е воспоставен пред еден час и тие немале ориентација да им воочат на упатените спасувачи каде се наоѓаат. Ситуацијата станува комплексна со фактот што и двајцата не се веќе заедно.
Семејствата се обидуваат да ги најдат. Алармирана е Полицијата, Противпожарната служба во Гевгелија, а на социјалните мрежи се јавија и луѓе поединци, планинари, шумари кои го знаат патот и теренот до Круша на Кожуф и им порачаат на вознемирените домашни дека тргнале во потрага.

Блиските на Владо и Кире замолуваат секој кој може да помогне, обучени познавачи на теренот да помогнат во потрагата.

Вечерва, како и во текот на целиот ден во Гевгелија и околината имаше дожд, магла, условите во планина се уште посурови, а со ограничена видливост и дезориентирачки.

Потрагата по изгубените планинари е во тек.


.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.