Аларм на социјалните мрежи и на надлежните институции во Гевгелија.
Две повозрасни лица, жители на Гевгелија, попландево се изгубиле на планината Кожуф, поточно на патот кон Круша.
Нивните блиски сведочат дека станува збор за Владо Дагалев и Кире Арнаудов кои попладнево планинареле на Кожуф, но пред некои три до четири часа изгубиле ориентација каде се наоѓаат и каде да продолжат. Последен контакт со нив е воспоставен пред еден час и тие немале ориентација да им воочат на упатените спасувачи каде се наоѓаат. Ситуацијата станува комплексна со фактот што и двајцата не се веќе заедно.
Семејствата се обидуваат да ги најдат. Алармирана е Полицијата, Противпожарната служба во Гевгелија, а на социјалните мрежи се јавија и луѓе поединци, планинари, шумари кои го знаат патот и теренот до Круша на Кожуф и им порачаат на вознемирените домашни дека тргнале во потрага.
Блиските на Владо и Кире замолуваат секој кој може да помогне, обучени познавачи на теренот да помогнат во потрагата.
Вечерва, како и во текот на целиот ден во Гевгелија и околината имаше дожд, магла, условите во планина се уште посурови, а со ограничена видливост и дезориентирачки.
Доколку некој има каква било информација, телефонот за контакт е: 071 207 002.
Потрагата по изгубените планинари е во тек.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може