Порибување на Вардар и Топлик кај Гевгелија

Среда, 09 Декември 2020

Викендов членови на Здружението на риболовци, спортско-рекреативен клуб „Акваспорт“ од Гевгелија извршија порибување на водите од риболовен ревир „Вардар 7 - Гевгелиски“.

Пуштени се околу 610 единки подмладок од крап кои тежински изнесуваат 150 килограми. Дел од порибителниот материјал, односно 20 килограми, беше пуштен на вештачката акумулација „Топлик“ во близина на Гевгелија, која согласно риболовната основа за река Вардар долно течение, спаѓа на риболовниот ревир „Вардар 7 - Гевгелиски“. Во акцијата зедоа учество повеќе членови на здружението, беа запазени сите безбедносни мерки против ширењето на „Covid-19“.

ПОдмладокот е обезбеден од рибник „Акватика“ од Неготино.

Ова е изведено согласно договорот за концесија и се со цел омасовување на спортскиот и рекреативен риболов, а воедно и зачувување и зголемување на рибниот фонд во речниот гевгелиски ревир, велат од здружението „Акваспорт“ кое постои од 2016 година и до сега има 310 свои следбеници, членови.

Здружението „Акваспорт“ испрати АПЕЛ до сите риболовци: „Во следниот период, од околу 30 дена, да се воздржат од земање на маломерни риби, односно единки од крап. Се' што ќе биде уловено со мала големина да се врати назад во реката“ - се вели во апелот со поздравот „БИСТРО“ до сите рибари.

Last modified on Среда, 09 Декември 2020 - 13:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.