Изречени 2.785 казни за неносење заштитни маски во Гевгелија и регионот

Четврток, 10 Декември 2020

Според Уредбата за заштина на населението од коронавирусот, која стапи на сила со почетокот на епидемијата, во земјата задолжително е носењето заштитни маски. Прекршувањето на оваа одредба носи парична казна како за физичките лица, така и за правно лице ако не обезбедил заштитни маски за вработените.

Во Гевгелија и регионот на надлежност на Полициска станица Гевгелија, а тоа се и општините Богданци и Дојран, во изминатите месеци заклучно до 30 ноември изречени се 2.785 казни за прекршување на Уредбата за носење заштитни маски во затворен и на отворен простор.
Тоа значи дека граѓаните од југот ќе инкасираат, (а некои веќе инкасирале) 3.425.550 денари (или 55.700 евра) во Буџетот на РСМ. Ова е вкупниот паричен износ на изречените глоби за неносење маски од страна на граѓаните од трите јужни општини кои се влеваат на приходното буџетско конто на државата.

Извештајот се однесува на изминати 223 од почетокот на важење на уредбата до 30 ноември годинава, а тоа во просек значи дека секој ден во подрачјето на надлежност на Полициска Станица Гевгелија (заедно со општините Богданци и Дојран) се изрекувале по 12,49 казни. Ова не е нималку пофално за дисциплината на регионот во однос на заштитата од ширењето на коронавирусот. Затоа и денеска Гевгелија и двете јужни општини го испишуваат 139-от ден од присуството на коронавирусот меѓу нивните граѓани во актуелниот есенско-зимски втор корона бран.  

Од воведувањето на овој прекршок до денес, на територијата на Македонија казнети се 112.515 граѓани, а во главниот град се казнети 27.933 граѓани. Изразено низ бројки, од вкупниот број на казнети граѓани на територијата на целата држава во државниот Буџет ќе се слеат 135 милиони денари, или околу 2,2 милиони евра.

Дваесет евра е казната за неносење заштитна маска за физички лица, а 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот, стои во уредбата која ја донесе Владата на 22 април годинава, а која излезе во службен Службен весник со број 107.

Во членот 2 од Уредбата е наведено дека секое домашно или странско физичко лице на територија на Северна Македонија е должно да носи лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Уредбата ќе трае до завршувањето на вонредната состојба, како и до завршување на пандемијата со КОВИД-19 прогласена од Светската здравствена организација (СЗО).

Од полицијата велат дека за среќа, поради свесноста на граѓаните и бројните укажувања до граѓаните се намалил бројот на казнети граѓани по овој основ.

 

Last modified on Четврток, 10 Декември 2020 - 20:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.