Во Полициската Станица во Гевгелија, вчера, среда 9 декември, во утринските часови (поточно во 08:45 часот според евидентираното во полицискиот дневник) било пријавено дека во апартман во градот бил пронајден починат 46-годишен грчки државјанин со иницијали S.A.
Починатиот бил на привремен престој во Гевгелија. Веднаш била повиката екипа на Итна медицинска помош од Општа Болница Гевгелија. По извршениот преглед од страна на доктор од ИМП била констатирана смрт, без траги на насилство.
Екипата на одделението за внатрешни работи во Гевгелија извршиле увид во местото на настанот, по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Во Гевгелија често престојуваат и цели семејства од соседна Грција, некои деловно ангажирани, а некои овде ги поминуваат пензионерските денови трошејќи ги европските пензии со прифатливите цени од македонската пазарна понуда. Сепак, и кога го избираат местото најпогодно за живот и финансиско опстојување, луѓето своите болести и смртта ги носат каде и да се со себе.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Комисијата за заразни болести со предлoг полициски час од 22 до 5 часот наутро
По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко
Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три