Хуманитарен базар за црквата „Св. Кирил и Методиј“ Гевгелија

Недела, 13 Декември 2020

Здружението „Православна жена“ од Гевгелија денеска организораше добротворен Хуманитарен базар во пресрет на православниот празник Свети Никола.
Базарот осмислен пред четири години и денеска имаша свои следбеници кои понудија домашни изработки и продукти на посетителите на црковниот храм. Сите парични прилози собрани од овој базар, како и посебните парични прилози ќе бидат наменети за обнова на фрескоживописот и иконостасот на црковниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, велат од Гевгелиското Архиерејско намесништво кои ја прифатија добрата воља на своите сограѓанки и на сите посетители на храмот во текот на денешниот ден.

Обновата и доградбата на овој црковен храм започна минатата година со замена на кровот, столаријата (врати и прозорци) со доградба на просторијата за крштевки, а годинава интензивно се работи на новиот иконопис и иконостас на црквата.

Целиот протокол на базарот се одвиваше во дворот на Црквата со примена на протоколот за заштита против ковид-19 пропишан од Министерството за здравство на РСМ. Настанот е осмислен со цел да биде предвесник и радосен почеток на прославувањето на „Свети Никола“, кој според црковниот календар е следната сабота.

Инаку црквата „Св. Кирил и Методиј“ е подигната во 1896 година, што може да се види од натписот на плочата на источниот ѕид, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година. Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник.

Целата обнова на овој храм кој се одвива во две фази - градежен и зографски ќе трае три до четири години, а се изведува со парични прилози на црквата од донации од граѓани и локални фирми на наши сограѓани.



Last modified on Недела, 13 Декември 2020 - 17:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.