Владата одобри 166.185 евра за реконструкција на Домот на културата во Прдејци
Жителите на Прдејци конечно ќе добијат функционален Дом на културата со средства кои ги одобри Владата на РСМ. Ова решение за населеното место со 100 куќи и нешто повеќе семејства произлезе од одлуката на Владата за пренамена на средствата за изградба на карго аеродром во Штип во проекти потребни во локалните средини.
Одлучено е планираната инвестиција на ТАВ Македонија, за изградба на аеродром во Штип, да не се реализира, а средствата ќе бидат пренасочени за животната средина, најави пред почетокот на четвртиот квартал од годината првиот вицепремиер на Владата на РСМ.
Изградбата на карго аеродромот требаше да чини 60 милиони евра, идеја стара десет години и најавена за време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел, земјоделците останаа без најплодните ниви во Овчеполието – 500 хектари почва меѓу Ерџелија и Мустафино.
Деновиве, на 29-та седница на Владата, одржана на 12 декември, донесена е одлука за пренамена на 35 милиони евра од средствата предвидени за изградба на карго аеродромот за реализација на локални проекти во општините ширум државата. Со средствата се опфатени 99 проекти кои треба да се реализираат во 75 општини.
Во одобрените проекти е опфатена и општина Гевгелија, со проектот за реконструкција на Културниот дом во с. Прдејци.
Жителите на ова населено место со години и децении бараат реконструкција на овој објект, започнат со средства од тамошните жители, но никако да ја финишира својата функционална намена. Со последната одлука на Владата за реконструкција на објектот одобрени се 10.220.420 денари, средства обезбедени од Буџетот на РСМ.
Од општината вечат дека веќе е изработен основен проект со кои аплицирале за одвојување средства за оваа намена пред телата на Владата. Објектот ќе располага со повеќе наменска сала, изложбен простор и придружни простории.
Наместо авиони над Ерџелија, Прдејци ќе добие културен дом.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата
Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,
Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот
Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во
Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти
Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта
Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија
Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -
Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите