Акција - подарете новогодишно пакетче на децата без родители, на децата со посебни потреби
Неформалната граѓанска група МДМ организира хуманитарна акција за донирање новогодишни пакетчиња наменети за децата без родители, за децата со посебни потреби, за децата во семејства од ранливите категории, за болните деца згрижени во здравствените установи.
- „Ништо не ја полни душата како искрена и среќна детска насмевка“, велат од МДМ и порачуваат:
- „Домаќини, празници се ближат. Кога ќе купувате паќетче за своето дете кој може нека купи едно повеќе (за донирање), или симболично поклонче. Идејата е пред Новогодишните празници да ги поделиме на дечињата од ранливите категории“.
Акцијата започна од крајот на ноември и веќе е во тек полни три недели. За овој период собрани се над 1.000 пакетчиња, од кои 110 се донации од хумани гевгеличани.
Неформалната граѓанска група има свој претставник во Гевгелија кој вели дека иако акцијата има републички карактер нема да биде заобиколена ниту Гевгелија, како со донирања од страна на хумани граѓани, поединци, така и организирано врачување на подароците на деца од нашата заедница.
- „Планираме акцијата да се омасови со наближувањето на празниците и со ширењето на пораката преку социјалните мрежи. Всушност, и неформалната граѓанска група МДМ произлезе од група на социјалните мрежи каде се најдоа приврзаници на акцијата и кандидати за нејзино спроведување. Кај нас секој што сака да донира отворени се просториите на „Пионерскиот дом“ во Гевгелија за превземање на донациите во термин од 09:00 до 16:00 часот. Идејата е секое дете од Центарот „Мајка Тереза“, од Центарот за згрижување на деца со посебни потреби, од децата кои живеат во семејства од социјален ризик, болните деца во здравствените установи, сите да добијат паќетче за Нова Година. Доколку некој сака да подари и други поклони, како играчки, украсни новогодишни декорации за децата да го разубават амбиентот каде престојуваат, истите ќе бидат прифатени и донирани“, вели за GevgelijaNET координаторот на акцијата за Гевгелија и регионот, Ризо Јованов.
МДМ (кратенка од Машки домаќински муабети) до сега брои 28.000 чланови. Ова е нивна прва хуманитарна акција. Планираат секој месец да се организираат разни акции за споделување на граѓанска грижа и хуманост.
Сега, домаќини, може и домаќинки и општествено одговорни млади лица, на Вас е да се потрудите да се приклучите за акцијата за среќна насмевка на децата од нашата средина. Донирајте и не чекајте пофалби. Само исполнето срце дека сте поклониле грст среќа кај најмалите од нашата заедница.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен