Гевгелија дисциплинирана кон новите антикорона мерки

Петок, 18 Декември 2020

Првиот ден од примената на мерката за скратено работно време на угостителите до 18 часот, денеска доследно се применуваше од угостителите во Гевгелија.
Рестораните, пицериите, кафулињата, сите под клуч со празни астали без своите посетители. Некои со дежурна служба за достава на приготвена храна од менито на угостителите до нарачателите.
Градот мирен, без вообичаената живост која одговара на епитетот што го доби во 70-80те години од минатиот век „град со 100 кафани“. Сега се тие новогодишно украсени со најава дека и утре ќе бидат тука, отворени за дневните посетители.

Короната немилосрдно ја менува динамиката на животот во градот - нема ниту шетачи, само по некои забрзани минувачи, нема музика од околните кафулиња, нема отпоздравување, нема довикување за договор кога ќе се видат пак другарите, друштвото.
Гевгелија го живее 147-от ден со присуство на коронавирусот меѓу своите граѓани, а денеска за жал со нови 32 позитивни на вирусот. Непредвидливоста на неговото ширење ги натера властите да ги применат мерките на рестрикција за да се минимизираат контактите и ширењето на вирусот меѓу луѓето.

 

Last modified on Петок, 18 Декември 2020 - 22:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата

Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,

Повеќе

Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот

Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во

Повеќе

Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти

Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта

Повеќе

Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија

Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -

Повеќе

Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ

Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од

Повеќе

Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство

Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,

Повеќе

Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња

Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во

Повеќе

Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис

Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе

Повеќе

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.