Полноќен пожар во Негорци

Петок, 25 Декември 2020

Во средата на 23 декември во 23:20 часот во Територијалната противпожарна единица во Гевгелија пријавен е активен пожар на објект во село Негорци.
Екипа на ТППЕ Гевгелија веднаш се упатила на терен со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Бидејќи било констатирано дека пожарот е брз, гореле бали сено во штала од сточарска фарма, била побарано засилување на силите, па на терен дошло уште едно возило со уште двајца пожарникари.

Ноќта пламените јазици изгледале страотно па на социјалните мрежи се појавија снимки со барање помош за гаснење на пожарот, а со ликвидацијата на истиот, сега помошта е усмерена кон сопственикот на сточарската фарма со намера да се заштитат останатите грла добиток пред зимата која е во залет и да се најде (направи) место за нивно згрижување и прихранување.
„Зоран Костадинов од Негорци изгорена штала со слама, кабаста и зрнеста храна, изгорени две телиња и две се опожарени со изгореници на телото“ - вака на социјалните мрежи се бара помош за да се направи ново сместување и прихранување на кравите и телињата затоа што зимата чука на врата.

Прашањето на новинарот е: „Како речиси на полноќ во објект каде нема луѓе, нема огниште може да се случи пожар? Од каде доаѓа искрата за опожарување?

Од ТППЕ велат дека сопственикот кој бил присутен на гаснењето им се пожалил дека верува дека е ова „од човечка рака“. Дали станува збор за несмасен или намерно предизвикан пожар истрага сроведуваат надлежните органи. На терен вчера излегоа инспектор за пожар и екипа од Полициска станица Гевгелија.

Инаку од ТППЕ Гевгелија велат дека: „Во пандемската 2020 година до сега евидентирани се вкупно 134 пожари, што на отворено, што во објекти, а дел се технички интервенции. Во споредба со 2019 година кога биле регистрирани 246 пожари на подрачјето на општина Гевгелија, ова е осетно намалување на несреќите од опожарување (дури 45,5%), пред се' заради наметнатиот начин на живот за време на пандемијата, намалените движења, повлеченост на луѓето дома“, изјави за GevgelijaNet командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов.

Last modified on Петок, 25 Декември 2020 - 15:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата

Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,

Повеќе

Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот

Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во

Повеќе

Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти

Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта

Повеќе

Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија

Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -

Повеќе

Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ

Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од

Повеќе

Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство

Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,

Повеќе

Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња

Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во

Повеќе

Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис

Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе

Повеќе

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.