Обложувалниците и клубовите за игри на среќа на удар на инспекциските контроли

Недела, 27 Декември 2020

Со донесувањето на мерката за скратено работно време на угостителите (рестораните, кафиќите, пицериите...) голем дел од клиентелата на услужните дејности своето планирано време за кафе дружба после 18 часот го продолжуваат во обложувалниците, кладилниците, клубовите за игри на среќа.
Таква слика имаше уште првиот ден од примената на забраната за работа на угостителите после 18:00 часот, која стапи на сила од 18 декември годинава, а градот Гевгелија продолжи да пулсира со движење на граѓаните околу отворените продавници, маркети, аптеки и видно зголемен број на посетители во обложувалниците, кладилниците и автоматските клубови за игри на среќа.

Неконтролираниот број на посетители на овие места со непримена на протоколите за спречување на ширењето на корона вирусот (физичка дистанца, носење маска) ги наметка надлежните тела кои се во составот на Општинскиот кризен штаб за Гевгелија да побараат засилена контрола.

Така, на својата седница одржана во средата, Општинскиот кризен штаб за Гевгелија заклучи од страна на надлежните државни органи да се спроведе засилена контрола на автоматските клубови за игра на среќа за доследна примена на протоколите и заштитните мерки од КОВИД-19. Имајќи ја предвид појавата, по затворањето на угостителските објекти, по 18 часот, автоматските клубови да се полнат со гости и притоа да не се почитуваат пропишаните протоколи, ОКШ го прифати овој заклучок и им наложи на надлежните инспекциски тела да ги спроведат контролите“ - се нагласува во заклучокот од седницата на ОКШ.

Кафето е убаво секаде каде што ќе те послужат љубезно, но мерката за затварање на угостителите е со намера да не се шири коронавирусот поради претстојните празници и големиот број лица кои ќе сакаат да побараат услужна дејност во јавен објект. Ако рестораните затвараат придржувајќи се на мерката на Владата донесена на 30 седница, не значи дека сите намерници за забава треба да ја побараат истата во кладилниците и објектите за игра на среќа. Мерката треба да спречи ширење на коронавирусот, а не селење на профитот од угостителите во кладилниците и казината.



Last modified on Недела, 27 Декември 2020 - 04:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата

Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,

Повеќе

Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот

Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во

Повеќе

Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти

Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта

Повеќе

Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија

Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -

Повеќе

Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ

Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од

Повеќе

Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство

Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,

Повеќе

Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња

Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во

Повеќе

Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис

Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе

Повеќе

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.