И Црквата се приклони на препораките на здравствените авторитети во однос на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
Почитување на заштитните мерки при посетата на црковните храмови остануваат да важат, но и новите препораки за избегнување на групно чествување на претстојните празници. Ова во согласност со новата кризна состојба во однос на корона предизвикот и забраната за организирање на групни, масовни празнични собирања во верските храмови, според мерките донесени од Владата по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Тоа значи нема коледарски огнови и маалски собирања, нема богојавленски фрлања по крстот во Вардар, нема масовни чествувања на верските календарски празници кои претстојат.
Во согласност со препораките од Општинскиот кризен штаб Гевгелиското Архиерејско намесништво апелира до граѓаните на општина Гевгелија божиќните и богојавленските празници да се прославуваат со одговорност. Ограничувањата за јавни собири ќе се почитуваат и од страна на црквата.
При посетата на верските храмови Од Гевгелиското Архиерејско намесништво препорачуваат верниците да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19, носење маска и одржување на потребната физичка дистанца. Тоа важи како при посетата на божјите храмови, така и при присуството на празничните литургии.
Според насоките од МПЦ, оваа година богојавленското осветување на водите ќе се одржи во кругот на црковните објекти.
- „Запазувајќи ги овие мерки, како Црква ќе придонесеме за зачувување на општото здравје на нашиот народ, во овие тешки времиња кога целиот свет е исправен пред предизвикот да се избори против опасниот вирус, истакнуваат од САС на МПЦ-ОА.
Празнувањата годинава ги диктира пандемијата. За таа да не продолжи да го диктира нашиот живот редно е да се почитуваат мерките за негрупирања, избегнување на масовни собири, а во подршка на јавното здравје се приклучуваат и гевгелиските цркви.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во
Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза
Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија
Приведен разбојник од Стојаково
Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен