СДСМ Гевгелија со Новогодишна честитка за здравје и напредок

Четврток, 31 Декември 2020

Испишувајќи ги победите на парламентарните избори, членството во НАТО, приоритетниот пат за отварање на преговорите со ЕУ и немилиот костец со заканата на 21 век - короната, гевгелискиот СДСМ со новогодишно обраќање и празнична честитка до своите сограѓани и сопартијци:

„Почитувани социјалдемократи, почитувани сограѓани,

Изминуваат последните часови од годината која светот ја нарече пандемска, поради сооченоста со невидениот до сега здравствен предизвик.

Годинава секој од нас ја имаше обврската да го сочува своето здравје недопрено од вирусната закана на 21 век, а заедно сите ја имавме обврската, почитувајќи ги мерките кои ги наложи здравствениот систем, да го сочуваме јавното здравје.

Благодарение на Здравствените работници, нашите современи Херои, успешно се справуваме со заканата која за жал не одминува никого.

Исправени пред животот кој продолжи да тече со нови организациони текови, кои ги диктираа мерките за спречување на ширењето на пандемијата, НЕ ЗАОСТАНУВАВМЕ во нашите остварувања.

Благодарејќи на конзистентните политики на СДСМ предводени од претседателот и премиер Зоран Заев, заедно сите, наши членови, сограѓани, подржувачи на социјалдемократијата и напредокот на нашата земја, остваривме победа на последните парламентарни избори, дури и со техничка Влада во која партиципираа министри од опозицијата.

Во пандемски услови, Вие ја одбравте одговорната и напредна политика која ја споделува со Вас, нашиот и Ваш СДСМ.

Претходно го реализиравме трасираниот пат на напредокот со членство во најмоќната одбрамбена светска алијанса - станавме држава 30-та членка на НАТО.

Во друштво со напредните демократски држави кои грижата за граѓанинот и неговиот економско-здравствен-образовен-техничко-научен просперитет се императив во делувањето, така и нашата Република Северна Македонија на прв план го става напредокот на економско-социјален план за добробит на граѓанинот и заедницата.

Почитувани сограѓани, драги социјалдемократи,
Како што досега ги остварувавме и споделувавме победите заедно, така останувавме сплотени и за секои традиционални случувања во нашата Гевгелија.
Едно од заедничките традиционални чествувања кои секогаш ги реализираме заедно со Вас граѓаните, е Коледарскиот хепенинг. Овој настан годинава заради забраната од групни собири заради спречување на ширењето на коронавирусот, ќе биде одложен и без коледарскиот оган на познатата локација.

Но, сржта на манифестацијата - а тоа се пораките за желби за добро здравје, среќа, благодет и бериќет за секое семејство и секој наш граѓанин ќе бидат реализирани.

Среќни празници драги сограѓани!
Среќна Нова Година во која Ви посакуваме од името на ОО на СДСМ Гевгелија да ја дочекате во добро здравје и да го уживате благодетот на успехот и напредокот кој го носи таа - успехот на победата над корона заканата, успехот на враќање на нашите животи во нормала, успехот на активираната економија и благодетот за секој еден од нашата Општина.

Среќна Нова Година и Божиќ!
#ПразнувајтеОдговорно !“ - порачуваат од ОО на СДСМ Гевгелија.




.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во

Повеќе

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.