Здраво женско новороденче денеска дојде на свет како прво новородено во Новaта 2021 година.
Родено е во 11:30 часот со тимот доктори и медицинско-гинеколошки персонал во Гинеколошкото одделение во општа Болница Гевгелија.
Веќе 6,5 часа го дише нашиот воздух во Гевгелија. „Големо“ е 2.800 грама, долго 49 самнтиментри.
Среќната мајка е Стамова Катерина (24 год.) на која ова и е второ дете. Новиот жите на регионот ќе го носи името Роза.
Според верувањата на постарите женското дете значи „родна година“, па така и Гевгелија и регионот, и општината на која припаѓа по жителство новороденчето, Дојран, им следува плодна, родна година, со деца, со нови поколенија, со благосостојба.
Инаку, во Гевгелиската Болница минатата година подари недостаток на доктори гинеколози, кои се екипираа во текот на годината како тим, беа извршени 56 породувања во цела 2020 година. Од нив 28 беа женски, 28 беа машки. Единствена „рамноправна“ година на новороденчиња. Ова не е „родилна суша за општината и регионот“ бидејќи голем дел од трудниците поради недостаток на гинеколог во Општа Болница Гевгелија се одлучуваа и упатуваа да го донесат на свет своето дете во другите родилни центри во државата.
Здравје за новороденчето Роза и нејзината мајка, радост да донесе во семејството и нека ја повлече сета среќа која ја навестуваат постарите - благосостојба, напредок и живот во изобилство од среќа и љубов.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата
Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,
Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот
Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во
Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти
Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта
Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија
Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -
Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите