Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица Гевгелија, вработените во СВР Гевгелија годинава работат во санирани, реконструирани и обновени услови. Целиот проект е вреден 12.000.000 денари (близу 200.000 евра) обезбедени од сопствени буџетски средства на Министерството за внатрешни работи.
За завршницата на работите, за новите услови за работа, за подобрувањето на услугите на ПС Гевгелија кон граѓаните, денеска оствари работна посета лично министерот за внатрешни работи Оливер Спаовски на ПС Гевгелија.
- „Денеска извршив увид во условите за работа на полициските службеници на сега веќе реконструираниот објект на ОВР Гевгелија, проект вреден околу 12.000.000 денари, средства од буџетот на МВР.
Објектот беше во доста амортизирана и оштетена состојба, што беше делумна пречка во професионално извршување на работните задачи и активности на вработените, а во архивските записи со кои располагаме немавме податок за последното реновирање. Градежните работи ги започнавме на 14.10.2020 година и истите ги завршивме за краток временски период, независно од временските услови и пандемијата од Ковид-19, во дадениот рок - на 30.12.2020година“ изјави денеска министерот Спасовски при посетата на ПС Гевгелија.
Тој ги повтори заложбите на министерството со кое раководи: „Мој личен и приоритет на актуелното раководство на МВР е подобрувањето на материјалните, инфраструктурни и технички потенцијали на сите полициските организациони единици и на полициските службеници“.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/5863-ministerot-spasovski-vo-poseta-na-ps-gevgelija.html#sigProGalleria6d41c20ead
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата
Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,
Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот
Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во
Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти
Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта
Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија
Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -
Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите