Гевгелија со највисока загаденост на воздухот во државата

Вторник, 26 Јануари 2021

Денешниот ден Гевгелија ја означи картата на Mакедонија со мерните станици за квалитет на воздухот како град со највисока измерена концентрација на ПМ10 честички.
До 12 часот концентрацијата на ПМ10 честичките достигна рекордни 206 микрограми на еден метар кубен амбиентален воздух, што е тројно повеќе од дозволената граница (50 микрограми на 1м3).. Денеска сме неславни прваци по загаденост на воздухот во државата.

Мерната станица во Гевгелија покажува дека во 11 часот концентрацијата на овие штетни честички за човековиот организам биле присутни во концентрација од 155,65 микрограми на 1 метар кубен.
После 12:36 часот податоците на ПМ10 паднаа на 65, но и тоа е над максимално дозволената граница, (податок од апликацијата „Мој воздух“).  Мерната станица за квалитет на воздух лоцирана во Гевгелија во пладневниот термин покажува пад на концентрацијата на ПМ10 честичките на 53,68 микрограми на еден метар кубен, што е пак над лимитот, но не' обои како град на картата на Македонија од црвено (висока загаденост) во портокалово (среда загаденост)..

Гевгелија нема загадувачка индустрија со високи оџаци и печки со недозволени енергенси како гориво. Сето надвор е резултат на атмосферскиот статус на чадот емитуван од домашните оџаци од печки на дрва во комбинација со натежнатите облаци и заробениот воздух во котлинскиот појас под Кожуф.

Единствено нешто што се промени после пладне, кога концентрацијата се намали блиску до горниот лимит, е струењето на воздухот (ветрот) кој започна да дува низ Гевгелија со брзина од 19 км/сек и ја растури зачурената маса со ПМ10 честички во воздухот. Значи, ветрот, колку и да ни' е непријатен во моментот е единственото природно решение за чист воздух над Гевгелија.

Од Министерството за животна средина за ваквите податоци на загаден воздух во Гевгелија каде нема загадувачка индустрија,  првично сметаат дека сепак причината за зголемено присуство на ПМ честичките во воздухот е тоа што поголем број гевгеличани ги загреваат домовите со огревно дрво и велат дека наредниов период точно ќе се лоцираат конкретните загадувачи и ќе се предложат мерки за сузбивање на загадувањето на амбиенталниот воздух во Гевгелија. 

 

Last modified on Вторник, 26 Јануари 2021 - 14:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.