Гевгелија со ветер од 80 км/час - паднати дрвја, прекин на електроснабдувањето
Првиот студен бран најавен од метеоролозите во Гевгелија започна вчера попладне после 16 часот со појава на налети на ветер од северен и северозападен правец со брзина од 17 километри на час.
Во текот на ноќта моќта на ветерот се засилуваше за утрото да достигне максимална јачина оод 22 м/сек, што одговара на брзинско струење од 80 километри на час.
Вчера во Битоал на ветер со 60 км/час беа забележани срушени дрвја во градот.
Во Гевгелија утрово под налет на ветрот падна дрво од дрворедот на улица „Маршал Тито“. Со своето високо стебло и разгранета крошна дрвото се навали попречно сообраќајницата на „Маршал Тто“ која се протега во правец кон Железничката Станица. Дрвото ги допре и ѕидовите од зградата на Градската Библиотека. (Фото фејсбук: Зоран Ристов)
Од Центарот за управување со кризи во Гевгелија не известија дека штети нема пријавено, ниту од Библиотеката, ниту од други населени места во Општината.Се очекува теренски екипи на „Комуналец“ да го отстранат паднатото дрво од улицата во Гевгелија, која засега сообраќајно е небезбедна.
- „Во текот на денот ветрот се смири и на пладне достигна јачина од 10 м/сек, што одговара на брзина од 36 километри на час. Поларната студена маса што се спушта од север кон југ ќе донесе уште студени денови во Гевгелија“, ни изјави дежурниот метеоролог од Гевгелиската Метеоролошка станица Тони Тодоров.
Инаку од ЕВН известуваат дека работат на отстранување на дефекти во индустриската зона „Блокотехна“, каде дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Според извршениот увид што го направиле општинските екипи кои се на терен, има откорнати дрвја спроти Градската библиотека во центарот на Гевгелија, кај објектот на АД „Водостопанство“ во дворот на детската градинка „Сончогледи“, во спортско рекреативните зони „Динќут“ и „Вардарски рид“, а делови од кровни конструкции се откорнати од зградата на Основниот суд и од објектот на детската градинка „Цветови“ во Гевгелија, известуваат од Општина Гевгелија.
Фото: З. Ристов
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/5950-gevgelija-so-veter-od-80-km-na-cas.html#sigProGalleria96ac68ab1f
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше