ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Недела, 21 Февруари 2021

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци маскираниот разбојник е откриен, пронајдени се докази, ОВР Гевгелија му поднесе кривична пријава, а Гевгелиското Јавно обвинителство издејствува 30 дена притвор пред судија во претходна постапка.

Основното јавно обвинителство Гевгелија на 17 февруари поведе постапка против едно лице од село Стојаково, Општина Богданци за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Кривичната пријава за разбојништво до ОЈО Гевгелија ја поднесе ОВР Гевгелија на 16 феврури, по извршеиот претрес во домот на осомничениот И.А. од Стојаково каде биле најдени докази за извршеното разбојништво, по што бил лишен од слобода.
На предлог на ЈО до Судија во претходна постапка било побарано, а судијата одобри притвор од 30 дена за осомничениот.

Делото за кое се товари И.А. е извршено на 28 јануари, кога осомничениот маскиран со црна фантомка на лицето и со црни ракавици на рацете, носејќи ранец на грбот, влегол во казино во Богданци. Вперувајќи пиштол, се заканил дека ќе нападне врз животот и телото на една вработена – касиер во казиното. Осомничениот ѝ кажал на оштетената да ја отвори касата и да ги извади парите, па одзел 134.200 денари.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело или дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот на ден 17.02.2021 година му определи притвор во траење од 30 дена.

Ниту МВР, ниту ОЈО не известија за возраста на осомничениот кој веќе 6 дена е зад решетки.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.