Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни ученици од ООУ „„Ристо Шуклев“ од Негорци донираа компјутери-лаптопи за учениците од својот крај.
Се работи за донација од 20 лаптопи кои вчера ги предаде на училиштето Благица Самаров. Таа заедно со својот сопруг Иван Самаров и минатата година донираа 20 таблети на училиштето во Негрци.
Поводот е благодарност што училиштето им овозможило образование за да можат да станат светски граѓани. Имено брачниот пар Самаров живеат и работат во Америка. Благица Самаров, родена Бурова, е поранешен ученик во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, денес успешен лекар, а нејзиниот сопруг кој ја придружува во оваа донаторска акција Иван Самаров, е родум од Радовиш, и е сопственик на фирмата за камиони „Carrier One“.
.
Донацијата ја прими директорката на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, Жаклина Линкова, која изрази голема благодарност до нејзината поранешна ученичка и нејзиниот сопруг за нивната солидарност, истакнувајќи:
- „ Благица и Иван се пример за солидарност. 20 преносни компјутери за нашите ученици денес беа причина за радост на детските лица, а ние сме горди затоа што нашите поранешни ученици, денес успешни во својата професија, не ги заборавија училиштaтa, каде ги научија вистинските вредности“.
Од училишето ООУ „Ристо Шуклев“ на социјалните мрежи искажаа благодарност за донацијата со пораката:
- „Благица Бурова Самаров и Иван Самаров, Ви благодариме од срце
Вашето мото, зборовите на Мајка Тереза, „Не е важно колку даваме туку со колку љубов го даваме тоа“, нека ја поттикнат хуманоста и добрата мисла кај сите нас.
Во име на солидарноста и хуманоста го споделуваме ова добро дело на младиот брачен пар од Македонија кое не ги заборавило своите корени и сета впиена мудрост и добрина од овие топли краишта.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/5974-donirani-20-kompjuteri-za-ucenicite-od-negorci.html#sigProGalleria6109e344c3
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во