Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Недела, 28 Февруари 2021

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна заштита започнуваат да важат од утре наутро, понеделник во 07 часот, а колоните возила на излез од нашата земја кон Грција уште вечерва почнаа да се зголемуваат.
Вечерва во 19 часот камиони, цистерни, шлепери и други товарни возила поредени во колона на автопатот „Пријателство“ упатени кон Граничниот премин „Богородица“ создадоа редица која завршуваше некаде кај делницата за Мрзенци. Петкилометарска колона возила е предизвикана од мерката задолжителен ПЦР тест за секој кој сака да влезе во Грција, како и ограничениот број на лица кои ќе бидат пропуштени за влез во Грција од максимум 400 лица.

Македонските камионџии и возилата наменети за меѓународен трнспорт вечерва поитаа тие да бидат во првите 400-ни од колоната кои ќе можат да ја преминат границата и да ја завршат започнатата работа (утовар, или истовар).

Грчките власти најавија дека мерките се воведуваат за да се избегне дополнително ширење на вирусот од копнените влезни точки во земјата, со што, од понеделник 1 март во 6 часот наутро (по грчко време) до понеделник 15 март во 6 часот наутро, се воведуваат рестрикциите. На граничните премини, на сите задолжително ќе им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите. При позитивен резултат нема да биде дозволен влез, а за сите, останува обврската за потврда за негативен ПЦР тест, но и задолжителен домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега.

Калкав застој ќе предизвикаат новите мерки за влез во Грција може само да се претпостави, со тоа што дневниот промет на возила на преминот Богородица-Евзони за време на пандемијата е зголемен поради тоа што ова е единствен граничен премин од Македонија отворен кон Грција  (бидејќи Грција ги затвори своите премини со Дојран и Меџитлија) така што транспортниот товарен сообраќај кој се одвива на Богородица ја одржува економијата во регионот.

Мерките што ги воведува Грција се поради налетот на британскиот сој на коронавирусот и воведен карантин во определени области од земјата, како и во главниот град Атина.

 

Last modified on Недела, 28 Февруари 2021 - 21:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.