ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Петок, 05 Март 2021

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од дневниот број на новоинфицирано во текот на февруари и рапиден пораст во текот на месец март) ја наведе Општина Гевгелија денеска да свика седница на Општинскиот кризен штаб и да разгледа можности за воведување на нови мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот во рамките на Општина Гевгелија.

Првиот носечки заклучок е едногласното барање за воведување рестриктивни мерки, пред се Полициски час.

Но, тоа е во надлежност на Генералниот Кризен Штаб поради што е заклучено да се упати барање од ОКШ Гевгелија до ГКШ за следново:

1. Барање до Главниот кризен штаб за ограничување на движењето во Општина Гевгелија, во периодот од 21:30 до 5:00 часот, до повторно стабилизирање на епидемиолошката состојба;
2. Да се поднесе до Главниот кризен штаб Барање за преиспитување на зголемениот процент на пополнетост на автобусите од 75% на 50%, барем за Општина Гевгелија, поради влошената епидемиолошка состојба.

На ниво на општина ворамките на своите овластувања ОКШ ги донесе - следните мерки и заклучоци:
1. Се бара од граѓаните доследно да ги почитуваат и применуваат заштитните мерки од КОВИД-19 (носење заштитна маска, редовна дезинфекција на раце и површини, како и одржување на соодветно растојание на затворено или отворено);
- Надлежните општински и државни органи да ја засилат контролата на примената на мерките и протоколите за заштита од Корона вирусот.
- Да се реактивираат патролните екипи составени од Општинска инспекција, ОВР- Гевгелија, Државен пазарен инспекторат, Трудова инспекција и членови на Советот на Општина Гевгелија, пред се, на угостителските објекти, обложувалниците и клубовите со автомати за игри на среќа.
2. Сите економски оператори, јавни и други установи кои вршат продажба и други услуги на граѓаните (продавници, супермаркети, банки) да ја засилат и доследно да ги применуваат заштитните мерки.
3. Се задолжуват одговорните лица на сите производствени капацитети доследно да ги применуваат заштитните мерки и протоколите за работа.
4. Се забрануваат групирања на јавни површини (паркови, Вардарски Рид, Динќут, Негорски бањи), како и во туристичката населба Смрдлива Вода, Хума, Конско, Серменин.
- Надлежните органи да ја засилат контролата, особено, во поголемите населени места и доколку не се почитуваат мерките да преземат соодветни санкции.
5. Привремено се забранува користењето и престојот на деца и возрасни во детските игралишта поради што истите ќе бидат оградени соодветно со ленти и непочитувањето на забраната ќе се санкционира.
6. Се препорачува до граѓаните и Гевгелиското Архиерејско намесништво, денес и утре, за време на Задушница, да ги одбегнуваат групирањата и да се придржуваат доследно на заштитните мерки.
7. Градскиот пазар ќе продолжи со продажбата на земјоделски и текстилни производи, но само за продавачи од општините: Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран. Движењето да се одвива само на еден влез, а продавачите и купувачите доследно да ги применуваат заштитните мерки.
8. ЈПКД „Комуналец“ да продолжи со редовната дезинфекција на улиците и јавните површини во градот и во сите населени места.
9 Превозниците и учесниците во јавниот автобуски сообраќај и такси-превозот доследно да го применуваат протоколот за превоз на патници, како и примената на редовна дезинфекција.

Гевгелија денеска има 22 новоинфицирани од коронавирусот, а во изминатите 5 дена од март вкупно 117 лица се позитивни на корона. Во истиот период бројот на оздравените е 47 лица. Во моментот новозаразените се 2,5 пати повеќе од оздравените. Со вакво темпо на ширење на епидемиолошката слика на ширење на вирусот состојбата во Гевгелија ќе стане уште поалармантна и невозможно здравствено да се одговори. Поради тоа е потребно да се превеира и спречи ширењето на вирусот со доследна и дисциплинирана примена на мерките за спречување на ширењето на вирусот: носење заштитна маска, забрана за групирања, дистанца, често миење раце.
Јавното здравје зависи од односот кон корона ризикот од страна на секој поединец.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.