Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Сабота, 06 Март 2021

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната материјална штета е билансот на двете завчерашни сообраќајни несреќи што ги евидентираше ОВР Гевгелија.

Првоевидентираната сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Негорци – Прдејци на 04.03.2021 во 13:30 часот. Во сообраќајката учествувале мопед „Лифан“ со велешки регистарски ознаки,управуван од Н.П. (40) од с. Негорци и товарно моторно возило „ТAM“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(36) од Гевгелија. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Гевгелија.

Втората сообраќајна несреќа е евидентирана 15 минути подоцна истиот ден, но на подрачјето на општина Дојран, каде надлежност има ОВР Гевгелија.

Во Полициското одделение Нов Дојран во13:45 часот (04.03.2021 г.) било пријавено дека во кругот на правен субјект во село Николиќ, лицето Д.Ј.(29) од Гевгелија, управувајки работна машина, удрил во лицето С.С.(47) од село Фурка, вработен во истиот правен субјект. Од ударот С.С. починал на местото на настанот, а смрт констатирала медицинска екипа. Увид на местото извршиле Јавен обвинител, инспектор од Државен инспекторат за труд и екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.