Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот на поранешна Автобуска станица во Гевгелија вчера дошло до несреќен случај при што настрадал 45 годишен градежен работник од Богданци.
По несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош од Општа Болница Гевгелија, која по прегледот на несреќниот работник, кој паднал од скеле на земја, констатирале смрт на лице место.
За настанот била известена Полициската станица во Гевгелија.
Во извештајот на ОВР Гевгелија стои следново:
На 05.03.2021 (петок) во Полициската станица Гевгелија, од Итна медицинска помош Гевгелија, е пријавено дека на старата автобуска станица во Гевгелија, имало починато градежен работник при вршење на градежни работи. На местото на настанот излегле увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, јавен обвинител и трудов инспектор, при што било констатирано дека се работи за Н.Т.(45) од Богданци кој околу 13:15 часот на објектот во изградба изведувал градежни работи при што паднал од скеле, по што починал на лице место.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина и криминалистика во Скопје за добивање обдукциски наод за смртта на починатиот.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно
Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на
Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите
Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска
Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето
Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија
Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот
Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином
Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по
Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“
Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се
Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд
Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“
Почина Д-р Билјана Ичева
Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи
Кривична пријава за гевгелиски угостител
Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19
МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група
По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за