На патoт Смоквица-Милетково пронајдени мигранти

Вторник, 16 Март 2021

Засилените полициски контроли долж македонско-грчката граница го спречуваат нелегалниот влез на мигранти. Но, новите полициски извештаи денеска само ја навестуваат решеноста на мигрантите да ја продолжат својата бегалска рута до посакуваните земји од Европската Унија како нова животна денстинација.

Од полицискиот извештај дознаваме дека вчера, понеделник, 15.03.2021 во 18.55 часот на автопатот А-1, на потегот од с.Смоквица до с.Милетково, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија пронашле 24 лица-мигранти. Лицата се предадени на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи „Југ“ за понатамошна постапка.
Од која земја се мигрантите, на која точка ја преминале македонската граница, се дел од понатамошните постапки на полициските службеници за кои не се дават податоци во извештајот.

За упорноста и дсетливоста на мигрантите зборува уште еден извештај од МВР од денешниот полициски билтен, користењето на тактиката „слепи патници“ во товарен железнички превоз.

Имено, повторно во текот на вчерашниот ден, на 15.03.2021 во 22.20 часот во Полициската станица „Табановце-железнички“, вработен во Македонски железници пријавил дека во контејнер од товарен воз, кој сообраќал на релација Грција-Романија, забележал 15 лица за кои се сомневал дека се мигранти. Полициски службеници извршиле преглед и констатирале дека 13 лица се од Авганистан и две од Пакистан. Лицата се сместени во Транзитен камп „Табановце“ за понатамошна постапка.

Очигледно е дека мигрантскиот нелегален влез од Грција во нашата земја и понатаму е несогорена желба кај бегалците од Блискиот Исток. Сепак, полициските сили и совесните јавни работници во МЖ останале на ниво на својата професионлна задача.

 

Last modified on Вторник, 16 Март 2021 - 16:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.