Загаденоста на воздухот во Гевгелија променлива според ветровитоста

Четврток, 18 Март 2021

Во месецот кога стана актуелна темата за еколошки чиста Гевгелија и отворената тема за присуството на фирми кои се занимаваат со складирање, рециклирање и пакување на отпад, гевгеличани се прашуваат колку навистина живееме во чиста и здрава еколошка средина.

Ованеделните податоци од Министерството за животна средина на РСМ укажуваат дека во Гевгелија од 11 до 18 март има регистрирано 28 надминувања на дозволената концентрација на ПМ10 честичките во воздухот (горен плафон е 50 μg/m3). Најниското пречекорување е со регистрирани 53,01 μg/m3 регистрирани се на 11 март во 20 часот, а највисокото 149,68 μg/m3 евдентирани на 13 март во 20:00 часот од мерната станица за квалитетот на воздухот инсталирана во Гевгелија, кај Детската градинка во југозападниот дел од градот.
Параметрите се менуваат од час во час, од ден во ден зависно од климатските услови во поднебјето на Гевгелија.
Деновиве се активни ветровите но ПМ10 честичките и во деновите на ветер опстојале по 3-4 часа во текот на денот. Ова е недоволно за алармирање на состојбата која според законот се вклучува во дводневно присуство во континуитет на недозволена концентрација на овие суспендирани честички во воздухот, кои се штетни за човековото здравје.

За потсетување, и денеска, 18 март во 19 часот Гевгелија живееше со висока концентрација на ПМ10 со измерени праметри од 76,83 μg/m3 кои за еден час спаднаа под дозволената максимална граница и мерната станица во Гевгелија евидентираше 39,73 μg/m3 ПМ10 честички.

Во истиот период беа зголемени близу четирипати над дозволеното ПМ2.5 честичките со максимално измерени 127,59  μg/m3 на 13 март во 20 часот и денеска со измерени 67,11 μg/m3 евидентирани во 19:00 часот.

Воздухот е услов за живот и него треба да го чуваме незагаден. Дали луѓето, запалените печки на дрва на заладеното време, во услови на неактивна загадувачка индустрија во доцните попладневни часови ја прават надворешната атмосфера во Гевгелија тешка за дишење!?

 

Last modified on Четврток, 18 Март 2021 - 22:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.