Топ Новости >

Назначен нов командир на Пожарната во Гевгелија

  • Петок, Ное 10 2017

{flike}


Раде Котески, професионален пожарникар со 31 година работен стаж во Пожарната станица во Гевгелија, од кои 15 како раководен кадар на ТППЕ Гевгелија, од минатиот петок, 3-ти ноември, поставен е за нов командир на гевгелиската Противпожарната единица.
Со овластување од Градоначалникот Сашо Поцков, новиот командир доаѓа на местото на Драги Делев, кој на оваа позиција беше поставен од претходната локална власт во 2009 година. Истиот ја остави единицата на милост на времето, бидејќи подолго време од годината е на боледување и отсуствува од работното место, а организацијата на екипата беше оставена на стихијата и на совеста на вработените. Поради здравствените проблеми писмено барал да биде сменет од функцијата командир, но поранешниот градоначалник не постапил по барањето и не поставил одговорно и здравствено способно лице да ја обавува оваа одговорна задача за организација и функционалност на единицата на ПП заштита на граѓаните и имотот.

- „Превземањето на функцијата командир за мене беше враќање на моето матично место во ТППЕ од каде бев сменет пред осум години од претходната локална власт. За овој период меѓучовечките односи ги надминаа потребните стандарди на тимска работа и доверба и ги затекнав во навистина нарушени и катастрофално неповерливи меѓучовечки односи кои претставуват невозможен кочничар во функционирањето на ППЕ.
За овој период од недела дена, веднаш одржав кратки мотивирачки состаноци за работа, ги известив вработените за законските надлежности и прописи, веднаш започнав со изведување на настава и обука, посебно во делот на изведување практични вежби. Со ова темпо ќе се продолжи и во наредниот период, бидејќи самата единица е задолжена според Годишниот план и програма за работа да ја одржува на ниво својата физичка екипираност и брза реакција на терен.
Ќе обратиме поголемо внимание на доопремување на ППЕ со соодветна техничка противпожарна опрема која ќе се користи за интервенции при појава на пожари и друг вид интервенции, како што се непогоди од поплави, земјотреси, сообраќајни незгоди и слично“, го опишува еднонеделниот ангажман на местото командир на ТППЕ Гевгелија, Раде Котески.

Во овој период, единицата составена од 21 вработени пожарникари, имаа можност да ја покажат ефикасноста на терен. На 7 ноември во 02:15 минути примена е дојава за пожар на улица „Марша Тито“, каде горел стан на првиот спрат од колективна стамбена зграда, со интензитет да се прошири огнот во соседните станови. Екипата на ППЕ Гевгелија веднаш пратила на терен две против пожарни возила со екипа од четити пожарникари и за 15 минути пожарот бил саниран и ликвидиран.

Во изминатите 10 месеци од годината ТППЕ Гевгелија интервенирала на 180 пожари од кои дел се во објекти, дел на отворени простори, дел се интервенции при сообраќајни незгоди.

ТППЕ Гевгелија е под надлежност на Општина Гевгелија, а таа има своја законска надлежност да штити од пожари и други непогоди, не само во општина Гевгелија, туку и во соседните општини Богданци и Дојран, вклучително со населените места од регионот кој службено го покрива. За својата работа ТППЕ Гевгелија доставува годишен финансиски извештај и план за работа за следната година со обврски за доопремување и набавка на средства за ПП заштита, до Советот на општина Гевгелија.

Мирно време, добра подвижност и ефикасност и помалку интервенции од несреќни случаи и пожари на терен им посакуваме на вработените во ТППЕ Гевгелија.

 

 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Гевгелија одбележан Националниот ден на власите

Членовите на Здружението на власите од општина Гевгелија „Мегленија“, денеска го одбележаа 23 Мај Националниот ден на власите

Повеќе

Груевски осуден на две години затвор за случајот Тенк

Шест години и шест месеци казна затвор за Ѓоко Поповски и две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски

Повеќе

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

Утре на МТВ во 20 часот ТВ Дуел помеѓу премиерот и лидер на СДСМ - Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Повеќе

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.