Топ Новости

Општината Гевгелија задолжена над шест милиони евра

Понеделник, 13 Ноември 2017

Прес на Поцков: Општина Гевгелија ја превзедов на 25 октомври со долг колку два годишни основни буџети!


 

{flike}


 

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денеска одржа прес конференција за медиумите на која акцент даде на превземањето на функцијата и состојбата со долговите на општина Гевгелија кои ги наследи од својот претходник.

- „На 25 октомври- денот кога ја презедов функцијата градоначалник- долгот на општина Гевгелија изнесуваше 4 милиони евра, а на сметката имаше само 550.000 денари. Општината во овој момент должи 125.567.000 денари кон приватните фирми, а очекуваме да пристигнат и нови фактури. По основ на кредитни задолжувања општината должи 2 милиони евра. Општината должи и над 3 и пол милиони денари и кон спортските клубови, културните друштва и здруженијата на граѓани на име одобрени средства за програмите од 2017 година. Деновиве падна и првата тужба од кошаркар од Кошаркарскиот клуб Кожуф за неисплатени обврски за минатата сезона.
Сево ова зборува колку е ситуацијата сериозна и алармантна.
Да објаснам посликовито: општина Гевгелија должи два годишни основни буџети!
Поради сево ова, општината ќе мора да заземе поинаков начин на управување со парите на граѓаните. Од сега па натаму ќе мора да се работи домаќински и одговорно затоа што ќе мора да го санираме долгот, но и да го одржиме тековното работење и да создадеме проекти и решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните.“

За ваквата состојба Поцков најави ревизија на работењето на Општина Гевгелија во изминатиот период, поради што најави барање до Државниот завод за ревизија да изврши ревизија на досегашното работење на општината со цел да се утврди како и каде се потрошени парите на граѓаните и како е направен толкав долг.

Градоначалникот Поцков на своите сограѓани им порача дека „Ќе работиме посветено и решително за да овозможиме подобар и подостоинствен живот за сите во Гевгелија. Со денешниот прес сакаме да го отпочнеме процесот на обезбедување целосна транспарентност на работење на локалната власт како во однос на сегашното работење така и во однос на минатото работење.“

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

Поделени картички за зелена нафта на земјоделци од општина Гевгелија

Со доделување на картички за набавка на субвенционирано дизел гориво за

Повеќе

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.