Топ Новости

Комунална пропаганда

  • Понеделник, Јан 29 2018

{flike}


Изминува јануари и досега сигурно сте ги добиле сметките за вода за месец декември 2017 година. Сумата е малку пониска од вообичаената. Зошто? За да покажат дека се домаќински расположени и мислат на Вас.

Ви пратиле и флаер со известување за новите обврски за плаќање на трошоците за работа на пречистителната станица кај Вардар. Во сметката ги нема прикажано тие трошоци. Ама, ве подготвуваат де, со време, да не се шлогирате.

На флаерот пишува дека „Прочистувањето на отпадните води ќе го подобри квалитетот на водите во реките и подземните води и на тој начин ќе ја унапреди животната средина за сите нас“.
Добро. Изгледа, за сите нас на планетата. Оти каков квалитет на подземните води ќе очекуваме за теченијата јужно од мостот на реката Вардар. Тука е Пречистителната станица. Која прочистена вода после сегашната депонија кај Гевгелија ќе биде од корист за чистите подземни води на Гевгелија?

Пропагандистот од флаерот, ЈП „Комуналец“ многу широко ја фатил работата, тргнувајќи од кружното движење на водата, од вливањето на Вардар во Егејско море, од испарувањето на морската шир, од создавањето облаци, од тоа баш тие облаци да се истурат на Кожуф планина и дождот што ја кваси земјата да создаде чисти подземни води со кои се полнат бунарите кај Моин за водоснабдување на Гевгелија. Само така ја сфаќам користа од овој флаер и ова оправдување за чисти води и поголеми трошоци за прочистителната станица кај Вардар, само фали додатокот од лекцијата за кружното движење на водите.

Понатаму, во флаерот пропагандистот Комуналец и потпишаната директорка, за новите трошоци за третман на отпадните води вели дека се пропишани од Регулаторната комисија за енергетика на РМ, а дека цената на тарифите ја одредува Советот на Општината.
Убаво ја префрлаат топката на локалната самоуправа заборавајќи да кажат зошто цената на третман на отпадни води за Скопје изнесува 2 денари, а за истата услуга ЈПКД „Комуналец“ на своите корисници ќе им наплаќа 13,37 денари на физичките лица и 27,23 денари за еден кубик прочистени отпадни води на правните лица.

И, кога вака лефтерно се расфрлаат со цените без да не' убедат во својот домаќинлук, да одговорат „Зошто штампат флаер на А4 формат со само една отпечатена страна, а другата е празна- бела?“. Ако немаат идеја за пошироки информации за граѓаните, нека не трошат толку хартија, која секако ние граѓаните треба да ја платиме од нашите сметки за потрошена вода.

Флаер на ЈПКД „Комуналец“ со грбот на Општина Гевгелија доставен до граѓаните и правните лица корисници на вода преку градскиот водоводен систем заедно со сметките за вода за месец декември 2017 година 

И уште нешто за есапот. Ако 16.000 жители кои се приклучени на градската канализациона мрежа создаваат 5.000 метри кубни отпадна вода која завршува во канализациониот систем, зошто ни' најавувате наплата на секој кубик потрошена вода и наплата на секој кубик потрошена вода третирана во отпадни води? Па, цвеќињата, зеленилото во дворот, дрвцата, борчињата, тоа што ќе „испие“ природата не се одлеало во канализационаиот систем. Не секоја вода оди во одводниот систем. Нешто завршува и во нашите тревници и дворови.

Додека мислите дека си терате пропаганда да Ве потсетиме дека „тенка“ е сликата за вашиот домаќинлук во „Комуналец“ со самиот факт што со прст не мрднавте да наплатите 17.000.000 денари заостанати побарувања од потрошувачи чии сметки оставивте да застарат и со тоа го ослабивте финансиски јавното комунално претпријатие. Директорката на седница на Совет на општина одговори дека „не сакала да троши за адвокати“. А, можела да троши „капом и шаком“ за бензин, за нафта, за патни трошоци, за  репрезентации, за спонзорства...
Така да потписите, логоата, грбовите отпечатени на флаерот, приказните за заложбите за природата ви се „приказни за успаванка на мали деца“ во налетот на сметките за вода со кои се спремате да ги „одерите“ граѓаните.

По епизодата пропаганда, треба да следи епизодата одговорност за раководството на „Комуналец“ кој пет години не' лаже дека пиеме чиста вода, а сега врти плоча па почна да се грижи за чистите подземни води во општината.

Ало, Регулаторна јави се! Како може вашиот предлог за цена на кубик потрошена вода за Гевгелија да биде 12,24 денари, а ЈПКД „Комуналец“ да ја подигне на 14,45 денари? Ќе остави ли локалната самоуправа башибозук и волунтаризам од бившите извршители на старата гарнитура на власт да ги истенчат граѓаните и нивните домашни буџети со новите сметки за потрошена вода, со комуналии и вкалкулиран третман на отпадни води?

 


„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита


 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.