Топ Новости >

Нови директори на СОУ „Јофиф Јосифовски“ и ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија

  • Четврток, Фев 22 2018

{flike}

Цветан Нелоски е новиот директор на гевгелиското средно училиште, избран по пат на отворен јавен конкурс, а именуван со решение на градоначалникот на општина Гевгелија од 20 февруари годинава, со овластување во текот на следниот четиригодишен мандатен период да раководи со Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

Цветан Нелоски е долгогодишен вработен во образованието како професор по физичко воспитување. Тој на 13 ноември ја превзеде функцијата вршител на должноста директор на ООУ „Владо Кантарџиев“ како и на подрачните училишта во Богородица и Мрзенци кои работат во состав на споменатото Општинско училиште, но по јавниот конкурс за избор на директор во СОУ „Ј. Јосифовски“ ја доби довербата од градоначалникот Сашо Поцков за управување со оваа образовна институција во следниот четиригодишен мандатен период.

Нелоски доаѓа на оваа позиција, превземајќи го раководењето од досегешниот директор Борче Нечевски, кој ја извршуваше функцијата директор на СОУ во изминатите два мандати. По именувањето на Цветан Нелоски за нов директор, Борче Нечевски се враќа на првичното работно место кое го извршувал пред да стапи на функција, а тоа е професор по стручни предмети во машинска струка.

Истиот ден 20 февруари, со решение на градоначалникот на општина Гевгелија назначен е и директор на Општинското основно училиште „Владо Кантарџиев“. Тоа е Снежана Катарова, образовен работник со 22 години работен стаж во образовните институции во општината. Снежана зад себе има и пет години работен стаж како директор од кои 2,5 во ОУ „Климент Охридски“ во Миравци и 2,5 години директорски стаж во ОУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија.
Таа е одделенски наставник со положен директорски испит и за себе вели дека професионалниот предизвик за подобрување на образовните можности ја натерале да конкурира на отворениот конкурс за избор на директор во една поголема образовна институција „Владо Кантарџиев“ од местото кое го напушта, а тоа е Подрачното училиште во Моин.
Катарова веќе трети ден раководи со организирањето на образовниот процес на 786 ученика опфатени во ОУ „Владо Кантарџиев“ заедно со двете подрачни училишта во Богородица и Мрзенци и тимот на професионални образовни кадри од 63 вработени.

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

Четири ленти колона на ГП Богородица

Продолжениот празничен викенд ја зголеми фреквенцијата на патници и возила на Граничниот премин „Богородица“

Повеќе

Во недела 17 јуни - прво авио прскање против комарци

Недела 17.06.2018 година, десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе добијат заедники закажан третман против комарци 

Повеќе

Пожарната во Гевгелија со проширен возен парк

Дирекцијата за заштита и спасување на РМ во соработка со Владата на РМ денес на ТППЕ Гевгелија донираше специјално теренско возило за локализирање и гаснење на пожар на отворен простор и едно

Повеќе

Прес на Влада: ДА, за македонската иднина!

Заев: Имаме историско решение со кое го јакнеме идентитетот македонски, да кажеме ДА за македонската иднина!

Повеќе

Од синоќа поевтинија горивата

Во прилог новите цени

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.