Print this page

Нема расправа на Совет без известувач

{flike}

Симнати шест точки од дневниот ред на 8-та седница на Советот на општина Гевгелија, поради отуство на известувач од институцијата која го доставува материјалот за расправа до локалната самоуправа.

Од предвидените 20 точки на Дневен ред, со констатација за отсуство на известувач од Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“, Работничкиот Универзитет „Кирил и Методиј“ симнати се од дневниот ред за расправа 4 материјали предложени од овие институции под локална надлежност. Тоа се Предлог-Годишните извештаи за работата за двете институции за 2017 година и Предлог-Програмите за работа за 2018 година за истите две посочени локални институции.

Со тоа заврши праксата востановена од претходниот состав на локалниот Совет предводен од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да се разгледуваат, расправаат и гласат, дури секогаш позитивно, извештаи и програми за работа на институции кои се под надлежност на Општина Гевгелија, а во отсуство на одговорното лице, или овластен известувач. Таква пракса на комоција имаа речиси сите директори на основни училишта, на институции од областа на културата и локалните комунални дејности, во претхотниот состав на локалната самоуправа. Како договорени, без да се појави ниту едно овластено одговорно лице од институцијата која ги предлага материјалите за кои Советот по Закон за локална самоуправа и по Статут на институциите треба да расправа, мнозинството на советници од претходниот состав на Советот на општината дигаа рака за одобрување на доставените материјали без ниту збор дискусија.

Актуелниот Претседател на Советот на Општина Гевгелија, Ташко Дојчинов (СДСМ)  ја прекина таквата пракса на расправа во отсуство на надлежен претставник од институцијата предлагач на законски и статутно обврзувачките материјали, извештаи и програми до Советот и ги симна од дневен ред точките 11, 12, 15 и 16 наменети за Пионерскиот дом и Работничкиот Универзитет од Гевгелија.

Како нецелосни и непотполни да се најдат на расправа пред советниците, беа симнати од дневен ред и точките 8 и 19, а тоа се „Предлог-Одлука за формирање медицинска екипа за укажување медицинска помош на повредени лица во пожар на подрачјето на општина Гевгелија“ и Предлог-Извештај за состојбата со јавната безбедност на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност-Гевгелија за второто полугодие на 2017 година“.

На 8-та редовна седница на Советот, одржана на 28 февруари, неделава, останаа за расправа 14 точки на дневен ред, (од 20 предложени) по кои се произнесоа советниците. Распоредот на отстранетите точки од дневен ред ќе подлежат на укажувањата на претседателот на Советот за да бидат задоволени условите да се најдат на расправа на некоја следна седница пред највисокиот орган на локална самоуправа.

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ: