Топ Новости >

Советот одлучи НЕ за рудници на Кожуф

  • Петок, Мар 09 2018

{flike}

На денешната вонредна седница Советот на општина Гевгелија едногласно го одби барањето за продолжување на геолошките истражувања на Кожуф од страна на фирмата „Резервоар Минералс“ ДООЕЛ Скопје. Ова е вториот негативен одговор на гевгеличани по референдумското „НЕ“ за истражување на металични минерални суровини на локалитетот „с. Коњско“ на Кожуф планина.

Советот беше информиран дека оваа компанија прв пат ја доби концесијата за детални геолошки истражувања за овој локалитет во 2013 година и по истекот на првично доделениот рок од 4 години сега бара продолжување на рокот за вршење на истражувањата за уште 2 години, согласно членовите 12 и 17-а од Законот за минерални суровини.

За оваа цел денеска советниците седнаа на вонредна седница да расправаат по барањето на фирмата со истечена концесионерска лиценца, за продолжување на рокот за истражување на уште две години. Претседателот на Советот на општина Гевгелија Ташко Дојчинов, тргнувајќи од определбата за целосна транспарентност, како што нагласи овозможи пред Советот свое излагање на барањето да има претставник од фирмата. Барањето за продолжување на геолошките истражувања пред советниците го образложи управителката на „Резервоар минералс“ ДООЕЛ Скопје Даниела Бомбол. Таа навести дека ќе бидат запазени сите законски одредби и светски стандарди за заштита на животната средина.

Едночасовната расправа што ја поведоа членовите на Советот на општина Гевгелија, резултираше со заклучок дека Министерството за економија и Владата на РМ треба да прогласат едностран раскид на договорот за концесија. Ова од причини што согласно Извештајот од извршените детални геолошки истражувања на металични минерални суровини на локалитетот Конско за периодот 2013-2017 година, како и записникот од извршениот теренски увид од страна на Министерството за економија на РМ, концесионерот немал суштински причини или пречки да го заврши истражувањето во законски рок.

Советот на општина Гевгелија во денешното соопштение нагласува дека очекува Министерството за економија, како надлежен орган за работите од областа на минералните суровини, но и Владата на Република Македонија под чија ингеренција работи ова министерство, во целост треба да го почитуваат ставот на Советот на општина Гевгелија за давање негативно мислење околу барањето за доделување на концесија за продолжување на геолошките истражувања на Кожуф планина.

Во Гевгелија одбележан Националниот ден на власите

Членовите на Здружението на власите од општина Гевгелија „Мегленија“, денеска го одбележаа 23 Мај Националниот ден на власите

Повеќе

Груевски осуден на две години затвор за случајот Тенк

Шест години и шест месеци казна затвор за Ѓоко Поповски и две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски

Повеќе

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

Утре на МТВ во 20 часот ТВ Дуел помеѓу премиерот и лидер на СДСМ - Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Повеќе

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.