Топ Новости >

Канадската Амбасадорка во економско-рударска мисија во Гевгелија

  • Четврток, Апр 05 2018

{flike}

Негативниот одговор на гевгеличани со референдумското „НЕ“ за рудници на Кожуф и негативното мислење од Советот на општината за продолжување на концесијата за истражување на минерални суровини на Кожуф планина на досегашниот концесионер, канадската корпорација Nevsun Resources Ltd којa е со истечена лиценца за истражување, го донесоа канадскиот дипломатски врв на посета во Гевгелија.

Канадската амбасадорка во Белград Кати Ксаба, акредитирана и во Република Македонија, по нејзино барање од вчера и денеска е во посета на Република Македонија и општина Гевгелија. Во нејзина придружба се почесниот конзул Живко Груевски, потпретседателот на канадската корпорација Nevsun Resources Ltd. Тод Ромаин и претставникот на оваа компанија во Република Македонија Даниела Бомбол.
Градоначалникот Сашо Поцков ја запозна гостинката со развојот на општина Гевгелија нагласувајќи дека местоположбата и климатските предуслови го диктираат развојот на општината.

- „Моја определба, по доаѓањето на градоначалничката функција, и стратешка цел на општината, беше Гевгелија да има оддржлив економско-еколошки развој. За остварување на ваквата цел ќе придонесат три капитални инфраструктурни проекти, кои се во финална реализација. Значаен поттик за ова ќе претставува новата Пречистителна станица крај Гевгелија, која наскоро ќе биде официјално предадена во употреба. Новиот водоснабдителен систем во Гевгелија, кој треба да биде готов до крајот на јуни и паралелно аплицираме за деарсенизација на водата од бунарите кај Моин. За еко развојот на општината секако е значајна и изградбата на Времената депонија за комунален отпад, која треба да биде готова до крајот на август годинава. Покрај ова, на Кожуф планина во тек е изградбата на Конска брана, капитален проект кој вреди 87 милиони евра, што го финансира Владата на РМ, а треба да обезбеди вода за наводнување, квалитетна вода за пиење, како и вода за напојување на Дојранското Езеро. Вака обезбедените највисоки еколошки стандарди ќе им бидат понудени на сите заинтересирани домашни и странски инвеститори за реализација на нивните проекти во ТИРЗ „Прдејци“, која до крајот на годината треба да биде целосно комунално и инфраструктурно уредена“, рече Поцков.

Амбасадорката Кати Ксаба нагласи дека Канада ја поддржува Република Македонија на нејзиниот пат во НАТО и ЕУ, а нејзина цел е да се унапреди трговската размена и зголеми присуството на канадски инвеститори во Македонија:

- „Ја разбирам Вашата определба за балансиран еколошки и економски развој на општината. Ние подеднакво сакаме да го поддржиме економскиот развој на Република Македонија, но и да се обезбеди заштита на животната средина според светски стандарди“, рече канадската амбасадорка, нагласувајќи дека
рударството на прв поглед создава слика за некаква катастрофа или загрозеност на животната средина, но во 21 век стопанисувањето во оваа гранка е на највисоко ниво.

Притоа, таа објасни дека: - „Рударството има значајно место во канадската економија, со примена на највисоките еко стандарди, кои Канадската влада настојува да ги применува и во другите земји“, рече амбасадорката Кати Ксаба, изразувајќи надеж дека Владата на РМ ќе го продолжи рокот на истражување на металични суровини на Кожуф планина од страна на компанијата „Nevsun Resources Ltd“, истовремено, нагласувајќи дека Република Македонија е суверена држава и Канада нема никаква намера да се наметнува при донесувањето на одлуката, но, се залага за поголема комуникација и транспарентност.

- „Токму нетранспарентноста на целиот процес од страна на поранешната централна власт при дозволеното истражување на металичните суровини на Кожуф, наспроти стратешките документи и расположението на граѓаните, доведе до ваквата состојба. Несфатливо е на Кожуф планина во исто време да се гради таков капацитет како што е Конска брана, чиј инвеститор е Владата на РМ, а истовремено истата Влада да одобрува рударско истражување. Исто така, и самиот концесионер требало да знае, или да биде информиран за локалната стратегија и расположение на локалното население“, рече градоначалникот Сашо Поцков, нагласувајќи дека општина Гевгелија даде негативно мислење за продолжување на истражувањето и таа е една од повеќето институции, која согласно законскиоте прописи дава мислење, а конечната одлука ја носи Владата на РМ.

- „Советот на општината, а и јас како градоначалник бевме обврзани на вакво негативно мислење, бидејќи мнозинството граѓани на општина Гевгелија, како што знаете, минатата година на референдум се изјаснија против истражувања и отворање на рудници на Кожув планина. Како општина сме отворени за нови инвестиции, но, должни сме и да го почитуваме гласот на граѓаните, посебно да ги спроведуваме стратешките развојни документи на општината“, истакна на средбата со канадската амбасадорка градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

На тематската средба со гостите од Канада присуствуваше и претставник на граѓанскиот сектор, од иницијативата „Спас за нас“, Гоце Тасевски кој изрази задоволство за транспаретноста на градоначалникот и можноста да присуствува на оваа средба. Тасевски истакна дека Гевгелија и гевгеличани имаат безброј аргументи против давањето концесии на Кожуф, но најголем аргумент е референдумот кој се случи во април минатата година, на кој над 98 проценти од граѓаните гласаа против. Исто така, Тасевски изрази задоволство за визијата за развој на општина Гевгелија, која беше споделена со канадската амбасадорка од страна на градоначалникот, а во која нема место за тешки загадувачки капацитети. 

ОЈО покрена обвинение против градоначалникот на Ново Село

Обвинителството бара градоначалникот да остане во притвор

Повеќе

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

Повеќе

Хоризонтална сигнализација на улиците

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ

Повеќе

Денес променливо облачно

Можен пороен дожд во западните и јужните делови од земјава

Повеќе

Заев: Про-руски бизнисмени плаќале за насилни протести

Премиерот Заев во интервју за „BuzzFeed News“ изјави дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести

Повеќе

Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

Фирмата „АДРА“ од Куманово дошла без алат на терен, а потребната опрема ја обезбеди Пожарната од Гевгелија, па работите на терен наместо два часа, траеја 12 часа

Повеќе

Гевгелија остана без вода

Цистерни за мобилна достава на вода ќе бидат лоцирани на 5 локации низ градот

Повеќе

Потсетување: Прекин на водоснабдувањето во цела Гевгелија

Во недела наутро од 3 до 8:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во Гевгелија, Мрзенци, Негорски бањи и индустриската зона Блокотехна. Наполнете вечерва некое шише вода за резерва

Повеќе

Обезбедени 3 милиони евра за регионални патишта во Гевгелија

Патните правци Прдејци-Смоквица, Миравци-Давидово, Гевгелија-Негорци ќе се санираат ова лето

Повеќе

Поцков: Намалување на цената за прочистување на отпадните води

Намалувањето треба да биде одобрено од Советот на општината и ќе важи од 1 август до крајот на 2018 година

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.