Топ Новости >

Автопатот Смоквица-Демир Капија од утре во употреба

  • Недела, Апр 22 2018

{flike}


Автопатската делница од Коридорот 10 од Демир Капија до Смоквица ќе биде предадена во употреба, во понеделник, на 23 април 2018 година.
На свеченото отворањето, како што е најавено ќе присуствуваат евроамбасадорот во Република Македонија Самуел Жбогар, премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кои ќе имаат и свои обраќања на настанот.

За време на настанот ќе биде промовирана и кампањата за ЕУ- инвестициите во инфраструктурата во земјава, преку специјално видео, во кое ќе учествува и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

Изградбата на Автопатот чинеше 218 милиони Евра, пари обезбедени со грант од Европската Комисија, заем од ЕИБ, и од ЕБОР како и 6 милиони евра од државниот буџет.
Со оваа делница се заокружува автопатсклото решение Коридор 10 односно автопатот „Пријателство“ на територијата на Македонија.

Делницата во должина од 28,2 километри има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долго 1200 метри, 6 моста со должина од 100-500 метри, 6 потпатници и 2 натпатника.

Започна да се гради во септемрви 2012 година, а рокот што го постави претходната Влада беше септемрви 2016 година.

Изградбата беше доверена на грчката фирма „Актор“ за чие работење беше отворена истрага од СЈО.

Како изгледа новата автопатна делница, од видеото во прилог.

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Груевски осуден на две години затвор за случајот Тенк

Шест години и шест месеци казна затвор за Ѓоко Поповски и две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски

Повеќе

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

Утре на МТВ во 20 часот ТВ Дуел помеѓу премиерот и лидер на СДСМ - Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Повеќе

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

Британската премиерка Тереза Меј денес во Скопје

Предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Меј, како и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.