Топ Новости

Одбележан 26 април - Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско

  • Четврток, Апр 26 2018

Денот на излегувањето на првите партизани од гевгелиско денеска со свежо цвеќе пред Спомен костурницата на паднатите борци одбележан и во Гевгелија - гевгеличани благодарни на своите слободари.

Со првиот напад на Участокот во Прилеп на 11 Октомври 1941 година во Македонија започнува Народноослободителната војна. Во Гевгелија иако подготовките за исфрлање на први партизани во овој крај започнуваат во декември 1941 година, сепак дури пролетта 1943 година (на 26 април) дојде до излегување на првите партизани од овој крај, а на 10 мај на падините на Кожуф планина и до официјално формирање на Првиот гевгелиски партизански одред „Сава Михајлов“.

Во текот на четири годишната Народноослободителна борба како борци - партизани од гевгелиската општина вкупно загинале 83 лица, од кои две жени. Од нив во непосредно судирање со окупаторксите војски, фашистичката полиција и квишлинските контра-чети загинале 54 лица, фатени како борци, а потоа убиени осуммина, стрелани четворица, обесени тројца, загинати во несреќни случаи двајца и двајца исчезнати во текот на борбите.
Четворица од нив загинаа како народни херои.

Најмногу од загинатите борци и жртви на фашистичкиот терор загинаа во својата рана младост. Просечната старост изнесуваше 23 години, што значи младоста стоела во правите борбени редови во извојувањето на победа на македонскиот народ.

Во текот на фашистичката окупација не беше поштедено ниту мирното население. Како активни соработници се убиени вкупно 9 лица и уште 16 невини лица од мирното население под сомневање дека работеле за партизаните или им било пронајдено оружје.
При нападот на фашистичките војски на Југославија за време на априлската војна, во бившата југословенска војска (наши сограѓани затекнати во Југославенските простори) загинале вкупно 6 лица.
Од Гевгелија се депортирани и две еврејски семејства со вкупно 14 лица во логорите на смртта.

Според тоа бројот на вкупно загинатите лица во гевгелиско во текот на НОВ и антифашистичката револуција изнесува 168 лица од кои: 73 борци, 9 жртви на фашистичкиот терор, активни соработници на НОВ, 32 борци на НОВ и жртви на фашизмот - населени колонисти во Гевгелија и гевгелиско, 16 борци умрени од последиците добиени во НОВ, 8 војници загинати во составот на бившата југословенска војска, 16 жртви од мирното население и 14 евреи.

Денеска делегации на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОБ во Гевгелија, претставници на локалната самоуорава, претставници на здруженија на граѓани и поединци положија свежо цвеќе во знак на почит и спомен пред бистите на народните херои, пред бистите на носителите на Партизанска споменица од НОБ, пред Спомен костурницата на паднатите борци и жртви на фашизмот од гевгелиско за време на Народно ослободителната борба која се водела и во овие краеви од земјата, во чест и спомен на првите слободари кои излегле во борба со непријателот, пред точно 75 години. 

Претставник на ОО на СЗБ од НОБ од Гевгелија одржаа пред присутните пригоден историски час.

Ви благодариме за слободата слободари наши!

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

Шест населени места утре без струја

Кованец, Серменин, Конско, Ума, Смрдлива вода и Ски центарот „Кожуф“ утре без

Повеќе

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.