Одбележан Денот на ЕУ - 9 Мај во Гевгелија

  • Среда, Мај 09 2018

{flike}

Земјите членки на Европската Унија денеска ја одбележуваа 68 годишнината од формирањето на овој економски сојуз на држави, а Гевгелија како општина од Македонија која претендира на членство во Унијата со посебна церемонија пред платото на Народниот театар во Гевгелија се придружи на чествувањето.

- „Имам чест да Ви се обратам од најужниот дел од Македонија, од границата со Европа. Гевгелија секогаш била симбол на европските придобивки и денес овде кај што стојам е една од европските придобивки, Народниот театар кој е реконструиран со пари од Европската унија“ рече градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков на денешното одбележување на Денот на Европската Унија во Гевгелија.

Тој пред присутните граѓани, претставници на локалната самоуправа и званици од Амбасадата на Шведска во Македонија ги истакна заложбите на Општината за подобрување и на културните и на инфраструктурните придобивки со Европската унија. Во период од 2007 до 2013 година, истакна Поцков, имаме користено грантови од Европската Унија до милион евра, а во текот течат грантови во висина од 800 илјади евра.

Чинот на одбележува на Денот на ЕУ го збогати и присуството на амбасадорот на Кралството Шведска во нашата земја, Матс Стафансон. Тој со почести им се обрати на гевгеличани:
- „Почестен сум да сум со Вас на денот на Европа, 9 Мај. Денес прославуваме две работи, завршувањето на Втората Светска војна и денот на Европската унија. Европската унија започнува како мировен проект, но всушност е многу повеќе од тоа, односно надминување на границите и постанување на едно големо семејство. Но, европскиот проект се' уште не е завршен. Се' уште постојат земји од западен балкан. Јас сум сигурен дека Македонија еден ден ќе биде дел од ова големо европско семејство.
Македонија има јасно ветување од Европската унија дека ќе биде дел од неа кога ќе ги направи сите потребни реформи. Македонија денес е на правиот пат, а Шведска е поддржувач на Македонија и нејзиниот напредок.

Амбасадорот Стафансон посебно се заблагодари на училиштата во Гевгелија кои направија одлична презентација на земјите членки од Европската унија. Сигурен сум дека и децата од училиштата во Шведска ќе прават слична презентација за Македонија, како дел од Европската унија, истакна Амбасадорот.

На одбележувањето на 9 Мај учествуваа учениците од ООУ „Владо Кантарџиев“ и од ООУ„Крсте Мисирков“ кои што на посебни штандови понудија своја осмислена историска и географска приказна за четири земји членки на ЕУ: Шведска, Австрија, Грција и Кипар.

Одбележувањето на Денот на ЕУ продолжува со тркалезна маса под наслов „Придобивки од европската интеграција на Република Македонија за локалната самоуправа“ на која покрај Амбасадорот на Кралството на Шведска во нашата земја ќе присуствуваат и претставници од локалната самоуправа на Гевгелија и соседните општини, пратеници, останати јавни сектори и бизнис заедницата.

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

Игор Ѓорески Хектор - 11 години од трагичната смрт кај Блаце

Денес, 11 јануари 2019 година Македонија одбележува 11 години од трагичната

Повеќе

Патиштата во Гевгелија проодни

За 11 часа непречена работа низ улиците и локалните патишта во Гевгелија,

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 14 сантиметри снег

Веќе 12 часа, почнувајќи утринава од 8:10 часот, Гевгелија е под врнежи од снег

Повеќе

Првото новороденче во општина Гевгелија е женско

На Бадник, 6-ти јануари, во Општа Болница Гевгелија се роди првото новороденче,

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.