Тројца гевгелиски ученици први на Регионалниот Детски семафор 2018
Топ Новости >

Тројца гевгелиски ученици први на Регионалниот Детски семафор 2018

  • Понеделник, Мај 14 2018

{flike}

Трајче Динев од ООУ „Владо Кантарџиев“, во машка конкуренција и Теодора Николовска од ООУ „Климент Охридски“ во женска конкуренција од големата група, и Александар Ристов од ООУ „Крсте Мисирков“ од малата група, ги освоија првите места на годинашниот Регионален натпревар „Детски семафор 2018“.

Викендов во Струмица, во конкуренција на победничките тимови од најуспешните учесници во одржаните Општински натпревари по сообраќај на ниво на основни училиште од Општините во Регионот, тројца ученици од општина Гевгелија ги освоија трите први места во големата и малата група.

Со ова тие се стекнаа со право да заминат на државниот натпревар „Детски семафор 2018“ кој ќе се одржи наредната сабота, 19 мај 2018 година во Скопје.
Малите умешни сообраќајни познавачи и вешти велосипедисти, во Струмица беа придружувани од претседателот на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (ОСБСП), Томче Илков и
командирот по сообраќај во Полициската станица од Општа надлежност во Гевгелија, Горан Динев.

Ментори на гевгелиските екипи која ги „ожнеа“ првите места на Општинскиот и Регионалниот натпревар „Детски семафор 2018“ се Анита Божинова и Љубица Зумровска.

Им честитаме за досегашните успеси и им посакуваме добро возење и успешен тест и во сабота, на Државниот натпревар во Скопје.

Деца од Гевгелија на бесплатно летување во Струга

Во организација на Министерството за труд и социјална политика на РМ денеска 56 дечиња од Гевгелија заминаа на седумдневен бесплатен одмор во Струга

Повеќе

Заврши асфалтирањето на улицата „Мицо Шаренков“

Одлагањето беше поради нивелирање на шахтите од атмосферската канализација

Повеќе

Невремето во гевгелиско однесе 1,783 милиони евра штета

Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди утврди штети кај 322 физички лица и 14 правни субјекти на површина од близу 400 хектари

Повеќе

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.