Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Недела, 20 Мај 2018

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест

 


Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 24 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест.

63-годишниот доктор специјалист инфектолог од Гевгелија денеска при подготовка за последното искачување кон врвот, починал попладнево од претрпен срцев удар. Тој се наоѓал во Базниот Камп 3 на 7.200 метри надморска височина и колабирал при подготовките за финалната рута на искачување кон врвот Монт Еверест од јужната страна, која се простира на територија на Непал. Веста за кобната загуба ја потврди за порталот „The Himalayan Times“ шерпасот Ками Нуру, менаџер на базниот логор, а ја проследи и „Channel news Asia“.

Петков беше дел од експедицијата предводена од британскиот алпинист и лидер за комерцијална експедиција, Тим Моусдејл од Лондон, Англија.
- „Во тек се напори за спуштање на неговото тело во долниот логор", додаде локалниот шерпас Ками Нуру.

На 1 мај годинава Петков беше на само  1.000 метри до врвот Еверест. Но, заради прилагодување на организмот, после три ноќевања во Базниот камп  на 7.800 метри надморска височина, екипата се врати во базниот Камп 3 за аклиматизација на телото на членовите на осумчлената меѓународна експедиција на Еверест, во која само Петков беше Македонец, односно наш сограѓанин од Гевгелија.

Вечна ти слава докторе. Посакувеме веста да биде лажна, но денеска ја потврдија и од Планинарското друштво „Кожуф“ каде д-р Ѓеорги Петков е долгогодишен член и истакнат алпинист со освоени неколку врвови во четири светски континенти.

Ѓорги Петков, во изминатите десетина години се има искачено на сите највисоки врвови, на речиси сите континенти. Започнува со Елбрус, највисокиот врв во Европа, висок 5.642 метри, па потоа следат е врвот Килиманџаро највисокиот врв во Африка висок 5.895 метри, следуваат Аконгаква - највисокиот врв во Јужна Америка, висок 6.962 м.н.в., Арарат - со височина од 5.174 метри и врвот МекКинли на Алјаска висок 6.183 метри. Највисоката височина до која се искачил до сега доктор Петков е врвот Ленин Пик, во Киргистан, висок 7.200 метри, додека најблиску до Монт Еверест се нашол кога, како член на Балканска експедиција се искачува на врвот Island Peak, на Хималаите, врв висок 6.198 метри, од каде се гледа, со сета своја величина и убавина, Монт Еверест. Тука за прв пат, како што вели Петков, ја користел екстремната алпинистичка опрема и токму на овој врв му се раѓа сонот, еден ден и тој да застане на „покривот на светот“.

Замина со својот сон за висините, д-р Ѓеорги Петков.
Незаборав за тебе, голем човеку!

Фото поздрав на д-р Георги Петков од кампот Гокио на Хималаите  на висина од 5.400 м.н.в. (април 2018 година)

Last modified on Понеделник, 21 Мај 2018 - 02:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.