Топ Новости >

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

  • Вторник, Мај 22 2018

 


Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда и признание за учество на натпреварот.

Јован и Ана се иста генерација и ги одмеруваа знаењата по физика во конкуренција на IX-те одделенија на 42-от Државен натпревар по физика, кој се одржа во саботата, во просториите на Приватното Средно училиште „Јаха Кемал“ во Скопје.

Во конкуренција на 99 ученика, прваци од своите училишта во државата, Јован Петров од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија освои 80 бодови за 5 задачи по физика. Негов професор-ментор по физика е Велика Карагошева, долгогодишен образовен работник во ова училиште и посветен ментор кога се во прашање новите знаења и постигнивања на учениците.

Ана Папалазова од ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија во истата конкуренција освои 80 бодови. Викторија Попова, од истото училиште, во истата конкуренција на ученици од IX одделение освои 56 бодови. Таа за својот труд доби признание од организаторот на натпреварот.  И двете натпреварувачки од ООУ „Владо Кантарџиев“ се под менторство на Александра Ѓоргиева.

Фото: Резултати од 42-от Републични натпревар по физика за IX-те одд. од основните училишта во РМ

42-от Републички натпревар по физика за ученици од основни училишта во Македонија се одржа во саботата на 19 мај и на истиот се покажа дека основците ги привлекуваат и негуваат знаењата од природните науки, благодарение на посветените професори-ментори, долгогодишниот образовен стаж на Велика Карагошева и нејзината колешка Александра Ѓоргиева.

Честитки за нашите млади физичари кои учествуваа на Државниот натпревар по физика заедно со плакети за нивниот пласман, добија најпрво од нивните професори-ментори, а подоцна на доделувањето на наградите и од организаторите на натпреварот.

ФОТО: Државен натпревар по физика во просториите на ПСУ „Јаха Кемал“ во Скопје - 19.05.2018


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шекеринска со писмо до министрите на НАТО

„Ја барам вашата поддршка за Македонија“ - им напиша Шекеринска во писмото до  министрите за одбрана на 29 земји членки на НАТО

Повеќе

Коѕијас денеска со потпис, а утре со писмо до ЕУ и НАТО

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас писмено го потврдува непротивењето на Грција за напредокот на Македонија за членство во ЕУ и НАТО

Повеќе

Водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење

Испитаните примероци вода од езерото од ЈЗУ „ИЈЗ“ покажаа квалитет на вода безбеден за капење и рекреација на луѓето

Повеќе

Собранието го ратификува договорот со Грција

Со 69 гласа ЗА Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот со Грција. Се чека на Иванов

Повеќе

Томе Главчев со плакета за бизнис личност во 2018 за ЈИЕ

Манифестацијата „Бизнис партнер“ додели 40 награди на компании и бизнис личности од Југоисточна Европа за 2018

Повеќе

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.