Телото на починатиот алпинист Д-р Петков донесено во Гевгелија

  • Среда, Мај 30 2018

 


Денеска напладне на „Mеѓународниот аеродром Скопје“ со лет од Непал, преку Катар, пристигна телото на починатиот гевгелиски алпинист, доктор Георги Петков. 
Овде, од Скопскиот аеродром го превзедоа членови на семејството и со специјално возило беше транспортирано до Гевгелија. Телото на починатиот Петков е донесено во неговиот дом, каде според христијанските обичаи најблиските се простуваат од него.

Утре напладне во Општа Болница Гевгелија со почеток во 12 часот ќе биде одржана Комеморативна седница за починатиот доктор специјалист инфектолог и раководител на одделение при Општа Болница Гевгелија, каде од неуморниот, посветен долгогодишен здравствен работник во гевгелиската болница Георги Петков ќе се простат со почит и благодарност за несебичната стручна соработка многубројните негови колеги.

Погребот на д-р Петков, ќе се одржи утре 31 мај во 16 часот на гробиштата во Стојаково, неговото родно место.

Името на Д-р Георги Петков ќе биде запаметено како првиот Еверест патник од Гевгелија во состав на меѓународна Еверест Експедиција, а неговата трагична смрт на 7.200 метри од највисокиот врв на Хималаите - Монт Еверест ги наполни светските медиуми со несреќната вест за „Македонски алпинист кој почина на Еверсет“.
Доктор Петков пред точно десет денови, на 20 мај годинава, во текот на Еверест експедицијата 2018 ја изгуби битката со висините во недостаток на кислород и почина во обид на искачување од „cardiac arrest“.

Вечен спокој и незаборав за тебе, голем човеку!

Фото: Д-р Георги отпоздравува од Базниот камп Khumbu Himal на Хималаите лоциран на 5.325 метрина надморска висина  од врвот Еверест , каде се искачи  на 15.04.2018 две недели по почетокот на Меѓународната Еверест Експедиција 2018 во која покрај тројца американци, тројца англичани и еден австралиец, само тој беше од Македонија

Фото: Д-р Георги Петков - фото запис од врвот Island Peak, на Хималаите, врв висок 6.198 метри н.в. еден од многуте искачени континентални врвови кои ги запиша во своето алпинистичко портфолио неуморниот трагач по висините д-р Петков


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.