Топ Новости

Комеморативна седница за д-р Георги Петков

  • Четврток, Мај 31 2018

 


Вработените во Општа Болница Гевгелија денеска во 11 часот одржаа Комеморативна седница посветена на нивниот прерано починат колега д-р Георги Петков. Доктор Георги Петков, покрај специјалистичката дејност како инфектолог, беше и пасиониран планинар, алпинист и вљубеник на висините - единствениот Еверест патник од Гевгелија, кој вчера беше вратен со специјален транспорт од Непал, земјата од каде од јужната страна се беше упатил на освојување на највисокиот светски врв Монт Ееверест, од Хималајскиот масив, а ненадејно почина на 20 мај годинава.

Комеморацијата започна со едно минутно молчење со кое присутните искажаа почит и Вечна слава за колегата со кого три децении ги делеа проблемите во јавното здравство, се грижеа за јавното здравје на граѓаните од општина Гевгелија и населените места од регионот.

Проштален говор пред присутните, со последни зборови на почит кон д-р Петков одржа директорот на Општа Болница Гевгелија, д-р Митко Крџев. Тој во својот говор потсети:

- „Кои зборови може да ги употребиме за да го опишеме овој тежок момент. Очекувавме негово враќање, да биде физички присутен меѓу нас и да ни' ги раскаже неговите импресии од експидицијата.
Тој не е меѓу нас, и затоа чувствуваме потреба да се присетиме на неговиот животен пат и професионална кариера.

Д-р. Георги Петков е роден 1956 година во Гевгелија. Детството го поминува во Стојаково, каде завршува и основно образование. По завршување на гимназијата во Гевгелија, се запишува на Медицински факултет во Скопје, каде и дипломира. Се вработува во Медицински центар - Гевгелија, работи во амбуланта во Стојаково и општа амбуланта во Гевгелија. По четиригодишна успешно завршена специјализација на Клиниката за Инфективно болести во Скопје, станува и прв специјалист - инфектолог во Медицински центар - Гевгелија. Неговата професионална кариера покасно ја збогатува заслужено со титула Примариус. Д-р Георги Петков се етаблира како еден од подобрите инфектолози во Р. Македонија. Тоа често го потенцираа колегите од Клиниката за инфективни болести. Но, таа оправдана квалификација никогаш сам не ја кажа. Беше премногу скромен, ненаметлив, коректен во релациите со колегите и пациентите, но стручен и одговорен, со висок професионален авторитет.
Покрај професионалниот ангажман Д-р Георги Петков беше посветен и на неговото хоби, планинарење со алпинизам, каде постигна импозантни успеси. Учесник на голем број експедиции (национални и меѓународни), освои голем број врвови, успеси на кои треба да бидеме сите горди. Последна негова желба како круна на неговата алпинистичка кариера, беше освојување на Монт Еверест. Беше решен да го направи тоа и ние посакувавме да успее и да се врати заедно да прославиме. За жал, беше спречен во тоа.
Но, неговиот придонес немаме право да го заборавиме. Не' задолжи како здравствена установа, не' задолжи како колеги поставувајќи професионални стандарди. Го задолжи и градот Гевгелија со својата докторска посветеност, но и алпинистичка кариера која тешко ќе биде надмината.

Георги, ќе останеш во нашите сеќавања.
Нека ти е вечна слава!“ - беа завршните зборови на директорот на гевгелиската Болница упатени кон покојниот Петков.

Фото: март 2016 од учеството на д-р Петков на меѓународен Конгрес на инфектолози

(17th International Congress on Infectious Diseases - Hyderabad, India - 2016)

На комеморацијата присуствуваа покрај доктори, медицински сестри, медицински и помошен персонал во Болницата, членови на семејството на д-р Георги Петков  и членови на Планинарскиот спортски клуб „Кожуф“ од Гевгелија каде д-р Петков беше долгогодишен член и пасиониран планинар и спортист.

Погребот на Д-р Георги Петков ќе се одржи денеска во 16 часот во неговото родно место Стојаково.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

22 септември - Меѓународен ден без автомобили

Со велосипедско дефиле Гевгелија денеска ќе го одбележи 22 Септември -

Повеќе

Сабота 8 часови без струја Гевгелија и Богданци

Нов осумчасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради неопходни

Повеќе

Средба на Премиерот Заев со Потпретседателот на САД, Мајк Пенс

Македонскиот Премиер Зран Заев денеска оствари средба со Потпретседателот на

Повеќе

Соопштение од Општинска изборна комисија Гевгелија

Промена на гласачките места во Гевгелија, Миравци, Негорци и Габрово

Повеќе

ЕВН најавува 8 часовен прекин на струја во Гевгелија

Утре петок 21 септември во терминот од 7:30 до 15:30 часот дистрибутерот на

Повеќе

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме

Став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на референдумското изјаснување на

Повеќе

Низ ГП „Богородица“ летово поминале 1,5 милион туристи

Половина милион македонски туристи претставуваат 1/3 од вкупниот летен патнички

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.