Цената за прочистување на отпадни води на ремонт во ЈПКД Комуналец

  • Недела, Јун 03 2018

 


Советот на општина Гевгелија донесе заклучок Управниот одбор на ЈПКД „Коумалец“ да ја преиспита својата донесена одлука за утврдување на цената на водата за прочистување на отпадните води која сега изнесува 13,37 денари за домаќинствата и 27,23 денари за правните лица.

Ваквиот заклучок го прифатија 16 претставници на Советот на општината на одржаната 12 редовна седница на ова локално самоуправно тело. Предлогот за ревидирање на цената за прочистување на отпадните води, што е една од ставките на сметките за вода што ги испорачува ЈПКД „Комуналец“ до своите корисници, до локалниот Совет ја предложија двајцата независни членови Ристо Ѓоргиев и Томе Ќичуков.

Во своето образложение за барањето тие ги посочија податоците што ги добиле од ЈПКД „Комуналец“ за потрошена електрична енергија, реагенси за прочистување, нови вработувања и според нивните пресметки истите не изнесуваат повеќе од 5 денари по кубик прочистена вода. Тоа значи дека реалните месечни трошоци се трипати помали од онаа што се фактурира кон водокорисниците потрошувачи и бараат оваа ставка да се корегира со одлука на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“.

Независните советници пред членовите на Совет изразија сомнеж за тоа кој од „Комуналец“ доставил такви податоци до Регулаторната комисија, за гевгеличани да добијат така висока цена за прочистување на отпадните води?
- „Доколку не се ревидира цената за прочистување на отпадните води ќе имаме проблем со граѓаните, кога ќе треба да им враќаме пари за нерегуларните сметки“, посочи Кичуков. Тоа го базираше на фактот што Пречистителната станица на Вардар нема извршен технички прием и законски е неисправно „Комуналец“ да наплаќа за ваков вид услуга за објект кој не е пуштен со потребната законска техничка документација за исправност во работата.

Новите сметки за вода за гевгеличани настапија од јануари 2018, а пристигнаа до потрошувачите во текот на февруари. Во нив е вкалкулирана и новата ставка за прочистување на отпадните води, која влегува во даночната основица за пресметка на ДДВ и дополнително ги зголемува сметките за вода за потрошувачите.

Информацијата за корекција - ревидирање на цената на водата во ставката за прочистување на отпадни води, беше објавена на ВЕБ страната на Општина Гевгелија, по завршувањето на седницата од 28 мај, а после два дена исчезна.  Сепак, заинтересираните можат да го проследат текот на дискусијата по дополнителната 23 точка од 12-та редовна седница на Совет на општина Гевгелија и донесениот предлог-заклучок: „Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ да ја преиспита Одлуката за утврдување на цени за пречистување на отпадните води“ на YouTube каналот на Општина Гевгелија. 

На потег е Управниот Одбор на Комуналец да го спроведе Заклучокот на мнозинството советници од локалниот општински Совет.

Советот е највисокиот орган во Општината кој според Статутот на локалното јавно комунално претпријатие во Гевгелија ја контролира работата на комуналното претпријатие и дава согласност за цените на услугите на ЈПКД „Комуналец“. А, овој пат видовме Советот бара намалување на цената на ниво на реални трошоци од 5 денари за прочистен кубик вода.

 

Фото: Од гласањето на советниците по 23-та точка од 12-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија одржана на 28.05.2018 година


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.