Топ Новости

Министерот Сугаревски најави брза завршница на капиталниот проект за водоснабдување на Гевгелија

  • Среда, Јун 06 2018

 


- „Денеска направив увид на еден од капиталните објекти кој се изведува во соработка со Министерството за транспорт и врски и општина Гевгелија, а тоа е проектот за водоснабдувањето на Гевгелија со новите бунари кај Вардар. Известен сум дека во најскоро време истите ќе бидат завршени и пуштени во употреба и со тоа ќе се реши деценискиот проблем на гевгеличани со вода за пиење, но пред се снабдување со чиста вода за пиење“ - изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој ја оцени посетата на Гевгелија и остварената средба со градоначалникот на општината, Сашо Поцков, како одлична во поглед на проектните и инфраструктурните зафати и идните проектни ангажмани на општината.

Бунарите кај Вардар се проектен ангажман на Општина Гевгелија кој со своја реализација на терен започна во февруари 2018 година, а претходната година беа завршени проектните апликации и одобрените средства од ИПА програмата за рурален развој, кредит од Светска Банка и учество на Владата на РМ преку Министерстото за транспорт и врски. Целиот проект чини 3,2 милиони евра.

Градоначалникот Сашо Поцков навести дека новите бунари кај Вардар ќе бидат решение за гевгеличани за горливиот проблем со арсенот во водата. Тоа го најавив и во мојата изборна кампања, се залагав за„Здравјето пред се'“, посочи Поцков.



На прашање од новинар „До каде е со набавката на деарсенификатори за бунарите кај Моин?“, градоначалникот Поцков најави дека во тек е изготвување на проекти од страна на три заинтересирани фирми (една од Србија и две од Македонија). На база на изготвените проекти ќе биде објавен јавен тендер за набавка и монтажа на деарсенификаторите на постојните бунари кај Моин. Средствата се веќе обезбедени преку ЗЕЛС која го прифати проектот за набавка на деарсенификатори за ови бунари на барање на општина Гевгелија, објасни градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков.

Со двата проекта - новите бунари кај Вардар и деарсенификаторите за бунарите кај Моин, Гевгелија ќе може да се снабдува со 270 литри вода во секунда, чиста и ослободена од отровниот елемент арсен, кој со години претставува здравствен и смртоносен проблем за граѓаните потрошувачи на вода од гевгелискиот водоводен систем.

При посетата на Општина Гевгелија и увидот на изведбените работи на капиталниот проект за водоснабдување, Сугарески за медиумите и јавноста посочи дека во делот на патната инфраструктура, оваа година ќе се врши реконструкција на патот Негорци - Гевгелија, во должина од 6,5 колометри со вредност од 80 милиони денари. Во доменот на ангажманот на Министерството за транспорт и врски во овој регион е и целосното поврзување на автопатната делница Демир Капија - Смоквица, со што најави бенефит за граѓаните од оваа погранична општина како што е Гевгелија и околните места со поврзаноста со современа меѓународна патна инфраструктура.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пречистителна станица кај Вардар утре ќе биде предадена во употреба

Капиталниот проект вреден 10,6 милиони евра е реализиран со трилатерална

Повеќе

Гевгелија од хотелски станува и транзитен угостителски центар

Гевгелија освен транзитна делница од меѓународниот пат „Пријателство“ стана и

Повеќе

Владата ги намалува тарифите на нотарите и извршителите

Извршителите повеќе нема да можат да наплаќаат енормно високи суми од граѓаните

Повеќе

Ветровита Гевгелија

Веќе 21 час Гевгелија е под ветровит налет со јачина од 50 до 70 километри на

Повеќе

Министерот Димитров денес во Миравци

Министерот за Надворешни работи Никола Димитров денес на граѓанска трибина во

Повеќе

Европската Унија со грантови за 30 општини во државата

Еден милион евра од Европската Унија наменети за развојни планови на 30 општини

Повеќе

Откриени 120 илегални мигранти во гевгелиско и Богданци

Во две одделни акции на МВР спроведени на 22 и 23 септември во реонот на

Повеќе

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.