Топ Новости

Заврши учебната година за 2.800 ученици во Гевгелија

  • Петок, Јун 08 2018

 

Во подрачните и четирите општински основни училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, „Климент Охридски“ од Миравци и „Ристо Шуклев“ од Негорци, во специјализираното основно училиште за музичко образование „Васо Карајанов“, како и во општинскиот средношколски училишен центар „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија денеска завршува наставата за близу 2.800 основци и средношколци и над 200 вработени наставници и наставен персонал.

Со пригодни програми подготвени од децата ученици денеска се прославуваше последниот училишен ден. За многумина тоа е крај на училишните обврски и почеток на летниот распуст.

Последен училишен ден од учебната 2017/2018 денеска е и за 200.000 ученици во државата од кои 20.000 првачиња.

Утре 15.256 средношколци во државата полагаат матура, а 150 матуранти од гевгелиското средно училиште „Јосиф Јосифовски“ ќе полагаат по предметот мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти.  На 11-ти јуни се полагаат изборните предмети физика, биологија, историја, филозофија и бизнис, а на 13 јуни ќе се полага по предметот математика. Положениот матурски испит е основа за запишување на високообразовните институции во државата. 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

22 септември - Меѓународен ден без автомобили

Со велосипедско дефиле Гевгелија денеска ќе го одбележи 22 Септември -

Повеќе

Сабота 8 часови без струја Гевгелија и Богданци

Нов осумчасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради неопходни

Повеќе

Средба на Премиерот Заев со Потпретседателот на САД, Мајк Пенс

Македонскиот Премиер Зран Заев денеска оствари средба со Потпретседателот на

Повеќе

Соопштение од Општинска изборна комисија Гевгелија

Промена на гласачките места во Гевгелија, Миравци, Негорци и Габрово

Повеќе

ЕВН најавува 8 часовен прекин на струја во Гевгелија

Утре петок 21 септември во терминот од 7:30 до 15:30 часот дистрибутерот на

Повеќе

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме

Став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на референдумското изјаснување на

Повеќе

Низ ГП „Богородица“ летово поминале 1,5 милион туристи

Половина милион македонски туристи претставуваат 1/3 од вкупниот летен патнички

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.