Топ Новости
Успешна еко акција во село Богородица - Сабота, 14 Септември 2019 14:18
Празнична посетеност на Дојран - Понеделник, 09 Септември 2019 10:19
Среќно првачиња! - Вторник, 03 Септември 2019 17:55

Јован Петров - полуматурант со три освоени државни награди и диплома за особен успех

Сабота, 09 Јуни 2018

Ученикот Јован Петров од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија се стекна со диплома за особен успех и првенец на генерацијата за учебната 2017/2018 година

Со три освоени државни награди на натпревари од областа на природните науки и континуиран одличен успех во редовните наставни години, ученикот Јован Петров од Гевгелија се стекна со диплома за особен успех и првенец на генерацијата за учебната 2017/2018 година.

На свечена церемонија по повод завршувањето на учебната година, вчера директорот на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“, Михаил Петров на успешниот ученик му ја врачи специјално изработената Диплома за особен успех и извонредни резултати во текот на образованието.

Деветтоодделенецот Јован Петров од Гевгелија годинава како претставник од своето училиште учествуваше на државните натпревари по математика, физика и биологија. На истите се стекна со три освоени награди во конкуренција на своите соврсници од IX одделение:
- втора награда на државно ниво по математика и се пласира за учество на Јуниорска Македонска Математичка Олимпијада што се одржува во септември годинава,
- Втора награда на Државниот натпревар по физика, под менторство на наставничката Велика Карагошева и
- ПРВА награда на Државниот натпревар по биологија, под менторство на наставничката Тодорка Николова

Освен честитките од директорот, наставниците-ментори, своите другари Јован се закити и со целодневна насмевка на задоволство за постигнатото и со признание храбро да зачекори во новите скалила на неговото понатамошно образование.

На полуматурантот Јован Петров му посакуваме понатамошен успех.

 

Фото: Јован Петров со освоените три награди на Државните натпревари по физика, математика и биологија и Дипломата за особен успех и постигнати резултати доделена од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија - гордо позира пред полицата со освоени пехари во училиштето

Last modified on Сабота, 09 Јуни 2018 - 14:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

Среќно првачиња!

Денеска во општинските основни училишта во Гевгелија се одржаа свечени приредби

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето во Моин и Конско

„ЕВН“ КЕЦ Гевгелија ги известува корисниците на електрична енергија во општина

Повеќе

Првачињата во Миравци и Негорци прифатени, другите свечено започнуваат со

Првиот училишен ден денеска започна за првооделенците во Општинските основни

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.