Топ Новости

„Комуналец“ со четирикратно „не“ од членовите на гевгелискиот Совет

  • Недела, Јул 01 2018

 

Четирите точки на дневен ред на 14-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија, посветени на работењето на ЈПКД „Комуналец“ не добија поддршка од советниците во локалниот Совет.

Одобрување не доби Финансискиот извештај за работењето на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за периодот 01.01.2018г.-31.03.2018 година. Ова е прв квартален извештај за чие образлагање пред Советот се појави новоименуваниот ВД директор на ЈПКД „Комуналец“ Златко Зумров, но советниците гласаа „против“.
Симптоматично во финансискиот извештај е што локалното комунално претпирјатие ќе било во сигурна загуба ако не биле приходите од Општината за одржување на јавно прометните површини, паркови и зеленило и приходите од одржување урбана опрема во вкупна вредност од 2.833.814 денари и новата ставка за „Пречистување на отпадни води“ во сметките за вода, со која во првите три месеци од годината се фактурирани 1.296.242,- денари. Плус додатни 750.000 денари приходи од расчистување на депонија, ставка која ја нема во 2017 година.

Ова значи дена позитивните приходи во однос на 2017 година се остварени со поскапувањето на водата и новата ставка за „прочистување на отпадни води“ и навременото фактурирање кон Општина Гевгелија за уредување на урбаниот простор. Според реализацијата на основната дејност, снабдувањето со чиста вода за пиење финансиската операционализација на ЈПКД „Комуналец“ во првиот квартал од годината е за 0,38% помала од 2017 година, иако цените за услугите на „Комуналец“ се покачени од јануари 2018 година. Тоа значи дека покачената цена за вода за пиење, едвам го одржала јавното локално комунално претпријатие на нивото на остварување од ланската година. Иста е состојбата и со приходите од ѓубретарината и канализацијата, со потфрлување од 2,0%, односно 29,95% кај приходите од канализацијата бидејќи овде имаше намалување на цената за 30 одсто.

Советниците водеа речиси двочасовна дискусија по точките наменети за корекциите на цените на услугите на ЈПКД „Комуналец“, односно нивно одредување со важност до 2020 година.

По барањето за намалување на цената на услугите на „Комуналец“ во однос на цената за прочистување на отпадни води, што беше изгласано од советниците на 12 седница на Советот одржана во мај годинава,  јавноста остана изненадена што Управниот одбор на претпријатието понуди цена со важност до 2020 година, но ПОВИСОКА од онаа што ја предложија советниците. 

Така цената на водата за пиење од изгласаните 14,46 во декември 2017 со важност од јануари 2018, Управниот одбор на претпријатието понуди пред советниците да се покачи на 16,83 денари/м3 за домаќинствата за 2019 година, односно 33,10 ден/м3 за правните субјекти за 2019. Следната 2020 година УО на ЈПКД „Комуналец“ предлага цената на водата за пиење да се покачи на 17,50 ден/м3 за домаќинствата, односно 33,48 ден/м3 за правните лица.

 

ФОТО: Одлука за цената на водата на ЈПКД „КОмуналец“  од 18.05.2018 година, за која што Советот не  даде согласност

Оваа одлука советниците за одбија со 1 глас „За“, 7 гласа „против“ и 9 „воздржани“ и истата е вон сила без добивање согласност од основачот на ЈПКД „Комуналец“, а тоа е Советот на општина Гевгелија.

Втората одлука за промена на цената на одведување отпадни води исто така доживеа гласачко одбивање од советниците со истиот однос на гласови: 1 „за“ 7 „против“ и 9 „воздржани“.

Причината е што и овде предвиден е пораст од сегашните 3,16 денари за одведен кубик отпадни води на цена од 3,67 ден./м3 за физички лица со важност во 2019, односно цена од 4,04 ден./м3 со важност од 2020 година.

 

ФОТО: од Одлуката за Цената за одведување урбани отпадни води  (канализација) - неприфатена од Советот на општина Гевгелија

Третата одлука на УО на ЈПКД „Комуналец“ која доживеа повторен дебакл како на 29 делември 2017 и на 12 седница од 25 мај 2018 е одлуката за цената за прочистување отпадни води која и покрај заклучокот на советниците од мај годинава истата да биде корегирана со намалување спрема реално направените трошоци, со максимален износ од 5,- денари, со потпис од претседателот на Управниот одбор на „Комуналец“ повторно пристигна на усвојување пред советниците корегирана само за 2,93 денари. Истата беше побарано да изнесува 10,44 ден/м3 за домаќинствата и 20,70 ден/м3 за правните лица за 2019 година, односно 20,13 за правните лица за 2020 година.
Со ниту еден глас за, 8 гласови „против“, 8 „воздржани“ и еден не гласал (што е еднакво на воздржан), Советот не ја прифати Одлуката за утврдување на цена за прочистување отпадни води на ЈПКД "Комуналец"- Гевгелија за 2018 година, 2019 и 2020 година.

ФОТО: Одлуката за цената на прочистување на  отпадни води од 18.05.2018 години донесена од Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија, дополнета за 2018 и 2020 година - но, истата не прифатена од ниту еден советник во Советот на општина Гевгелија

За ваквиот резултат од гласањето секако придонесе дилемата и недовербата на советниците за начинот на утврдување на цената на водата и податоците кои што ЈПКД „Комуналец“ во текот на 2017 година ги доставил до Регулаторната комисија. Не верувајќи на исправноста на доставените параметри за експлоатација на вода, фактурирана и наплатена вода, количини на водена загуба, советникот Тихомир Ручкоманов изнесе оценка дека сегашниот ценовник на ЈКПД „Комуналец“ е нефер спрема неговите корисници. Пред се' се работи за 10.000 корисници кои користат вода за пиење од системот за водоснабдување на „Комуналец“. Од нив само 7.500 имаат и канализација и плаќаат трошоци за канализација, а само 5.000 потрошувачи се приклучени на системот за прочистување на отпадните води.

- „Не е фер со ставката за прочистување на отпадни води да се оптеретуваат само 5.000 потрошувачи од општината, а да се заборават големите потрошувачи како што се казината, на кои не им се фактурира за овој вид надоместок. При тоа вредноста на постојната водоводна мрежа на гевгелиското комунално претпријатие е поголема од вредноста на пречистителната станица и затоа треба трошоците да се хармонизираат со една ставка за води, а не сега постојните три со различни цени и истата да важи за сите потрошувачи. Со тоа во старт цената би се намалила за дополнителни 5 до 6 денари“, заклучува советникот од ЛДП, Тихомир Ручкоманов.

Законот за води дозволува поправки во цената на услугата на комуналните претпријатија, и тоа треба да биде следната задача на Управниот и раководниот орган во „Комуналец“ за да ја добијат согласноста од Советот на општина Гевгелија.

Дотогаш граѓаните на општина Гевгелија се принудени да ги плаќаат повисоките сметки за вода од јануари годинава за цели 78% повисоки од минатогодишните, со аманет велат „комуналците“ од Регулаторната комисија, ама еве советниците од гевгелискиот Совет, не веруваат на податоците доставени до Регулаторната и не веруваат во исправноста во калкулацијата на ценовниот водоводен шок за гевгеличани.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.