Топ Новости >

Со грант од ЕУ ќе се реновира одморалиштето на Смрдлива вода

  • Вторник, Јул 03 2018

 

Со грант од проектот за локална и регионална конкурентност од 11,1 милиони денари и сопствено учество на Општина Гевгелија од 1,2 милиони денари обезбедени се финансиски средства за реновирање на одморалиштетот на Смрдлива вода во сопственост на Општината.
Ваква Одлука за одобрување на финансиски придонес од Буџетот на општина Гевгелија за проектот за реновирање и адаптација на сместувачки објект во сопственост на општина Гевгелија на локалитетот Смрдлива вода" е донесена на последната 14-та редовна седница на Советот на општината, одржана во петок минатата недела . Имено, со овој проект општина Гевгелија учествуваше на јавниот повик за регионална конкурентност и туризам, кој ја мина првата фаза, а за чија реализација, покрај грантот што очекува да и биде доделен, општината треба да обезбеди 10% сопствено учество.
Целиот проект е со вредност од 12.358.580,- денари, а Советот даде согласност за буџетско учество во реализација на проектот од 10% од вредноста на истиот.

Со предложениот подпроект “Реновирање и адаптација на сместувачки објект во сопственост на општина Гевгелија на локалитетот Смрдлива Вода” се предвидува целосна реконструкција, внатрешно уредување и адаптација на објектот Одморалиште на Смрдлива Вода во сопственост на општина Гевгелија. Сместувачкиот капацитет ќе претставува можност за збогатување на понудата за сместување на посетителите, со оглед на тоа што засега во ова туристичко место постои и работи само еден помал објект за сместување и исхрана за гости – туристи.

 

Објектот е со висина од приземје и кат и располага со сместувачки капацитет од 4 апартмани и две соби на кат и една просторија која е во функција за персоналот на приземјето. Поради оштетувањата кои настанале со текот на времето се предвидува комплетна санација на објектот.

Во проектните изведби планирано е да се изврши:
- Комплетна замена на кров и кровен покривач;
- Реконсрукција на фасада и поставување на фасадна термоизолација;
- Замена на столарија;
- Замена на поден покривач во објектот;
- Обработка на ѕидни и плафонски површини со гипс картонски облоги;
- Комплетна замена на електро инсталација;
- Комплетна санација и замена на водоводна и фекална инсталација;
- Постоечката септичка јама ќе биде заменета со поставување на мини пречистителна станица.

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) е грант од 18 милиони евра добиен преку Инструментот за претпристапна помош II на Европската Унија и Владин придонес од 3,2 милиони евра и е администриран од Светската Банка. Истиот ги акцентира потребите од управување со животната средина и социјалните аспекти, поради што и санацијата на овој објект на Кожув за сместување и заживување на туризмот на овој локалитет доби своја потврда од донаторите.

По одобрувањето на согласноста и потпишувањето на договорот за грант, Општината ќе може да распише тендерска постапка за избор за најповолен изведувач, и да започне санацијата и реновирањето на одморалиштето на Кожуф.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

Повеќе

Хоризонтална сигнализација на улиците

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ

Повеќе

Денес променливо облачно

Можен пороен дожд во западните и јужните делови од земјава

Повеќе

Заев: Про-руски бизнисмени плаќале за насилни протести

Премиерот Заев во интервју за „BuzzFeed News“ изјави дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести

Повеќе

Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

Фирмата „АДРА“ од Куманово дошла без алат на терен, а потребната опрема ја обезбеди Пожарната од Гевгелија, па работите на терен наместо два часа, траеја 12 часа

Повеќе

Гевгелија остана без вода

Цистерни за мобилна достава на вода ќе бидат лоцирани на 5 локации низ градот

Повеќе

Потсетување: Прекин на водоснабдувањето во цела Гевгелија

Во недела наутро од 3 до 8:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во Гевгелија, Мрзенци, Негорски бањи и индустриската зона Блокотехна. Наполнете вечерва некое шише вода за резерва

Повеќе

Обезбедени 3 милиони евра за регионални патишта во Гевгелија

Патните правци Прдејци-Смоквица, Миравци-Давидово, Гевгелија-Негорци ќе се санираат ова лето

Повеќе

Поцков: Намалување на цената за прочистување на отпадните води

Намалувањето треба да биде одобрено од Советот на општината и ќе важи од 1 август до крајот на 2018 година

Повеќе

Мицотакис: Скопје го доби НАТО пасошот

Лидерот на најголемата грчка опозициона партија се жали дека Ципрас и Каменос му го предадоа на Скопје НАТО-пасошот, откако го отстапија македонскиот идентитет и македонскиот јазик

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.