Топ Новости

Цените на ЈПКД „Комуналец“ повторно на увид пред Советот

  • Вторник, Јул 10 2018

 

Гевгелискиот Совет на општина на новозакажаната 15 седница за петокот 13 јули, повторно ќе расправа за цените на услугите на Јавното локално комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија.

Од 10-те предложени точки од Дневниот ред на седницата, три се однесуваат на ценовните оптеретувања на граѓаните за услугите на „Комуналец“ (градски пазар, депонија, намалување на цената за пречистување на отпадни води) и измени во годишниот план на вработувања во ЈПКД за 2018 година.

По донесувањето на одлука за цените на услугите на локалното комунално претпријатие во декември минатата година, ова е трет обид за корекција на истите и добивање согласност од Советот на општината, кој по Статутот на ЈПКД е оснивач на локалното комунално претпријатие во Гевгелија.

По две недели од одбивањето на предлог решенијата за дополнување на одлуките за цените на ЈПКД „Комуналец“ за користење на вода за пиење, канализација и одведување на отпадни води и пречистување на отпадни води, гевгелиското комунално претпријатие повторно „на отчет“ пред членовите на Советот. Но, сепак паѓа в очи немањето предлог за корекции на клучните параметри кои ја градат сметката за вода што ја добива секој потрошувач, домаќинство, или фирма.

По брзата реакција на „Комуналец“ повторно да се најде пред советниците и по шестмесечно одбивање на нивните годишни и квартални извештаи да издејствува една позитивна одлука и одобрување од Советот со понуда на нови одлуки и материјали, пред јавноста остануваат отворените прашања за негативниот ревизорски извештај за работата на „Комуналец“ во 2017, неточните податоци доставени до Регулаторна комисија за градење на цените за услугите на „Комуналец“ и немањето одговор „Кој ќе ја понесе одговорноста за несовесното и недомаќинско работење“.

Во контекс на ова и барањето на советникот Тихомир Ручкоманов до „Комуналец“ за достава на податоци за трошоците за плати и надоместоци на плати на вработените за 2017 и првите месеци до мај 2018 година и одговорот од Комуналец дека во посоечениот период се исплатени вкупно 15.270 работни часови прекувремена работа, од кои 4.688 за време на празник. За исплата на овие прекувремени часови работа „Комуналец“ од касата потрошил близу 2 милиони денари, или поточно 1.936.946,- денари. Овој дописен материјал со податоците е испратен до сите 18 советници на Општинскиот Совет на 27 јуни 2018 година, но еве не предизвикал реакции да биде ставен на дневен ред ниту на 14-та, а дознаваме ниту на предложениот дневен ред за претсојната 15-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија.

Што кријат дневниците за прекувремена работа исплатени за 2017 и до месец мај за 2018 година, засега не можеме да дознаеме, бидејќи директорот не открива кој, или кои тоа се највредни во „Комуналец“, или кои луѓе се оправдано, или неоправдано вонредно исплатени од касата на „Комуналец“. Дали багеристот на возилото кое се сонча на ливада, а според податоците потрошил 4,5 тони нафта годишно, е на списокот за прекувремена исплата, дали бившата директорка вонредно патувала за празници под превезот службено, кои сектори се оптеретени со прекувремена работа, тоа не открива одговорот упатен од ЈПКД до советникот Ручкоманов.

Во прилог на расчистување на сите контраверзии во врска со работењето на „Комуналец“ кој досега од овој состав на Советот на општината не доби одобрување на ниту еден извештај за своето работење, ниту кварталите 3 и 4 од 2017, ниту годишната сметка за 2017, ниту кварталниот финансиски извештај за јануари-март 2018, значи, ако нешто „смрди на несовесно работење“ треба да се расчисти, да се расправа и детектира одговорноста. Во прилог на тоа ги споделуваме писмените дописи од Ручкоманов и „Комуналец“ доставени до советниците на гевгелискиот Совет со цел да им посочиме дека и тие самите според статутот на локалната самоуправа може да предлагаат дополнителни точки на дневен ред, во интерес на вистината и расчистување на „маглата“ околу финансиското работење на „Комуналец“.

ФОТО: Преписката помеѓу советникот Ручкоманов и ЈПКД „Комуналец“ за исплатени прекувремени работни часови во локалното комунално претпријатие


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.