Топ Новости

Приклучувањето на новиот цевковод одложено за недела

  • Среда, Јул 11 2018

 

Поради отсуство на терен на екипите на главниот изведувач „Хидрострој“ од Бугарија денеска не беше извршена акцијата за приклучок на новиот цевковор Ф 450 мм кон постојната водоснабдителна мрежа од градскиот водоводен систем на Гевгелија.
Гевгеличани денеска го почуствуваа закажаниот застој во водоснабдувањето од 03 часот изутрината до 7:30 часот утрово, но не приметија дека водата е „нова“. Всушност известувањето за нов целосен застој во водоснабдувањето закажан за недела 15 јули за Гевгелија, Мрзенци, Блокотехна и Негорски Бањи не' натера да се обратиме до надлежните со прашањето: - „Имаат ли гевгеличани нова безбедна вода од новите бунари кај Вардар, или ќе чекаме до недела?“
Одговорот е дека во недела е одложено доаѓањето на стручна екипа на фирмата „Хидрострој“ која го изведува проектот согласно добиениот тендер. Водата од новите бунари чека технички прием за целата градба, бунарите со резервоарот, која треба да биде одобрена и достапна до почетокот на август годинава.

Екипите на ЈПКД „Комуналец“ ја отфрлаат вината за одложената акција. Тие денеска постапија, велат, според упатствата за приклучок. Го исклучија системот за водоснабдување на Гевгелија, а откако екипата не се јавила на терен од 10 часот започнал процесот на подигање на присисокот во водоснабдителниот систем, зошто при секое нагло вклучување на водотекот во цевките доаѓа до нивно пукање, или останати дефекти. За таа цел како хармонизатори на притисокот од водотекот, се користат водите од резервоарите, новиот со капацитет од 1.000 метри кубни вода кај Вардар и стариот резервоар од 3.000 метри кубни кај бунарите во месноста Моин.

Со најавата за одложениот застој на водоснабдување и приклучок на новиот цевковод кон постојниот, всушност се придвижува кон финализација изградбата и пуштање во функција на новиот водоснабдителен систем за Гевгелија, со новите бунари кај Вардар, а со тоа и решавање на прашањето за чиста вода без арсен за Гевгеличани. Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски ова им го предочи на гевгеличани уште минатиот месец при посетата на Гевгелија и изврши надгледба над работете на терен.

Приклучувањето на новиот цевковод во недела ќе го извршат стручните служби на фирмата „Хидрострој“, која го изведува новиот водоснабдителен систем, заедно со Секторот за водовод и канализација во ЈПКД„Комуналец“. 
Застојот на водоснабдувањето ќе биде од 03 до 8:30 часот во недела 15 јули за сите потрошувачи приклучени на градскиот водоводен систем во Гевгелија, Мрзени, Негорски Бањи и Блокотехна.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.