Топ Новости

Обезбедени 3 милиони евра за регионални патишта во Гевгелија

  • Сабота, Јул 14 2018

 

Општина Гевгелија преку Агенцијата за државни и регионални патишта обезбеди средства во вредност од три милиони евра наменети за изградба и санација на три регионални патни правци во општината. Тоа се патните правци Прдејци-Смоквица, Миравци-Давидово, Гевгелија-Негорци кои е најавено дека ќе се санираат ова лето.

- „Македонија пат“ веќе започна со изградбата на патот Прдејци-Смоквица, вреден 90 милиони денари, со што ќе се обезбеди не само полесна врска на двете населени места по изградбата на новата автопатна делница, туку и полесна сообраќајна комуникација на стопанските капацитети пред и околу Прдејци, рече градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на одражата прес конференција за медиумите.

- „До крајот на јули и почетокот на август започнува санацијата на патот Миравци-Давидово, во вредност од 10 милиони денари, а по комплетирањето на техничката документација, во втората половина на август ќе започне санацијата на регионалниот пат Гевгелија-Негорци. За реализација на овој проект од државниот буџет се издвоени 80 милиони денари, а работите ќе ги изведува „Македонија-пат“. Сите три регионални патни правци треба да бидат завршени до крајот на годината, рече Поцков искажувајќи надеж дека работите на терен можат да завршат и порано од предвиденото, поради реално обезбедените средства и активната летна градежна сезона.



За 2019 година одложена е санацијата на патниот правец Гевгелија-Богданци-Фурка, за што ќе бидат одвоени нови средства од Агенцијата, најави градоначалникот Поцков.

Обновата на регионалната патна мрежа во општина Гевгелија за прв пат се изведува во таков обем и е значајна, не само поради обемот и вредноста, туку и поради фактот што средствата нема да бидат издвоени од општинскиот буџет, туку се директна инвестиција со средства обезбедени од Републичкиот Буџет преку Агенцијата за државни и регионални патишта, посочи Поцков на прес конференцијата


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.