Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

  • Недела, Јул 15 2018

 

Шест часа после закажаниот рок за пуштање на водоснабдителниот систем на Гевгелија во функција, работите на терен се' уште без најава на завршница.
Фирмата ангажирана со тендер од 2016 година „Хидрострој“ од Софија, Бугарија, за изградба на новите бунари, резервоар и цевковод кај Вардар, денеска на терен за приклучок на новиот цевковод Ф-450 мм ги испрати своите подизведувачи од Куманово, фирмата ДГТУ „АДРА“ ДООЕЛ.

Екипата на „АДРА“ Куманово денеска дојде неспремна и без соодветен алат за работа, иако ја знаеја тежината на работата за која се ангажирани.

Се работи на потегот западно од мостот кај Рауљот, каде веќе неколку месеци стои отворена и безбедносно оградена дупка. Во неа на неколку метри длабочина треба да се спои новиот цевковод Ф 450 мм со постојниот цевковод на водоснабдителната мрежа во Гевгелија. Треба да се стави вентил со троен приклучок, што вработените го викаат „Т вентил“ со димензии како и цевките, но проблем е некомпатибилниот состав на цевките: новите се полиетиленски, а старите цевки се поцинковани.

Екипата од Скопје денеска дошла со мерцедес возило, но без основниот алат, режач на поцинкованите цевки, агрегат, пумпа за испумпување на водата која протекува од цевките.

На денешните 36 степени целзиусови на терен температурата дополнително ја подгрева нервозата кај комуналните работници кои ги изневерија своите потрошувачи со најавата дека овој зафат ќе трае до 8:30 часот изутрина кога ќе се нормализира водоснабдувањето, а денеска дополнително се интервенира со дотур на вода со цистерни до граѓаните.

Во 14 часот екипата на GevgelijaNet беше на терен на локацијата кај Рауљот и регистрираше одвоени цевки кај кои се' уште не е поставена спојката за приклучок.
Одговорноста за несовесниот изведувач ја бараат кај општинските служби кои го одобриле неспремниот ДГТУ „АДРА“ од Скопје за оваа стручно захтевна работа. Но, сепак „АДРА“ е избор на изведувачот „Хидрострој“, а не на општината која е финансиер на работите за новиот систем за водоснабдување на Гевгелија.

Златко Зумров, директорот на ЈПКД „Комуналец“ го потврди незадоволството од „АДРА“ која не била на ниво на задачата, со самото тоа што денеска дошле со обична брусалица, а не секач за железните поцинкувани цевки, ниту имале агрегат.

- „Благодарение на максималните напори на Пожарната единица во Гевгелија обезбедивме опрема потребна за работа и со помош и соработка со екипите на ТППЕ се работи еве до 15:30 часот без застој на терен. Веќе е поставен Т вентилот. Штрафовите се поставени. Испративме екипа до резервоарите и системот за снабдување со вода да биде пуштен во употреба. Истиот ќе почне да функционира од 30 минути до час и половина, заради нивелирање на притисокот во цевките, за да не дојде до нови дефекти и испукувања“, изјави директорот на „Комуналец“, Зумров.

Тоа значи дека до 17 часот треба комплетно да се нормализира водоснабдувањето во Гевгелија, Мрзенци, Негорски Бањи и Блокотехна, кои го почувствуваа засега 13 часовниот застој во вододнабдувањето, и очекувани максимално 14 часови на Гевгелија без вода.

По се' изгледа, ако сте ги потрошиле резервите на вода ќе мора да побарате најблиска цистерна за дотур, или во блиските природни водотеци на Конско и Негорски Бањи.



 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.